ПРОЕКТ - ERASMUS +: REACH OUT AND LEND A HELPING HAND: HUMANITY HAS NO BORDERS
втор ден: посета на матка и марш на толеранција
ПРВ ДЕН: презентација на училиштата и државите учеснички и работилници
проект - ERASMUS +: REACH OUT AND LEND A HELPING HAND: HUMANITY HAS NO BORDERS
ПОЧЕТОКОТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ: REACH OUT AND LEND A HELPING HAND: HUMANITY HAS NO BORDERS- ERASMUS +
ПРЕДЛОГ ЛОГО - изработени од нашите ученици. Гласањето е на Twinspace
ПРЕДЛОГ ЛОГО - изработени од нашите ученици. Гласањето е на Twinspace
ИЗРАБОТКА НА МАТЕМАТИЧКА СЛИКОВНИЦА
Работилница со родители, ученици и наставници - изработка на математичка сликовница
уредување на училница
Tрета обука во рамките на проектот „Чекор по Чекор“ - уредување на училница и работилница со ученици, наставници и родители
FIND YOUR BALANCE
Прв ден од проектот Еразмус + К2, прием и запознавање со учениците гости од другите држави: Естонија, Германија, Полска.
Втор ден - го наоѓаме балансот помеѓу физичката активност иупотребата на мобилните телефони
трет ден - ПОСЕТА НА ФИНКИ
ЧЕТВРТИ ДЕН - ДИГИТАЛЕН СВЕТ
Денот на единицата на батаљонот на воената полиција
По повод Денот на единицата на батаљонот на воената полиција нашите ученици учествуваа на прославата и дефилето на батаљонот. Присуствуваа и на посебна презентација на работата на батаљонот
акција за собирање на стара хартија
Рециклираме - планетата ја чуваме
посета на детски фестивал златно славејче
Посета на детскиот фестивал „Златно славејче“ и подршка на нашата ученичка Мила Петковска
ЗДРАВА ХРАНА-ПРИРОДАТА НИ ДАВА
По повод „16 ОКТОМВРИ СВЕТКИОТ ДЕН НА ЗДРАВА ХРАНА“, ООУ КРСТЕ МИСИРКОВ организира отворен ден – Саем на здрава храна со родители и ученици на тема: „ЗДРАВА ХРАНА-ПРИРОДАТА НИ ДАВА“ на ден 16. 10.2017.
Беа поставени штандови со здрава храна која потекнува од Р. Македонија а паноата соодветно исполнети со видови храна кои се карактеристични за различни предели.
На штандовите покрај здравата храна доминираше и креативноста на нашите ученици.
Активноста беше посетена од група од градинката „25 - Мај“- клон Сонце. Нашата активност беше збогатена со штанд на ВИТАЛИЈА и ПЧЕЛАРСТВО МИТРЕВСКИ кои на нашите ученици им ја доближија вредноста на здравата храна и преку презентации.

„СО ЧИТАЊЕ дО ЛИДЕРСТВо
На 07.10.2017 нашето училиште беше домаќин на обуката СО ЧИТАЊЕ ДО ЛИДЕРСТВО на УСАИД со обучувачи од Бирото за развој на образованието предводени од менторот на заедницата за учење во ООУ Крсте Мисирков Соња Палчева Ќосева. На семинарот присуствуваа Заедниците за учење од ООУ Крсте Мисирков и ООУ Рајко Жинзифов.
Обуката помина во многу позитивна работна атмосфера, организирана на високо ниво со што го промовиравме училиштето и од еден поинаков агол.
Обуката помина во многу позитивна работна атмосфера, организирана на високо ниво со што го промовиравме училиштето и од еден поинаков агол.
ЕДНОДНЕВЕН ИЗЛЕТ ВО МАНАСТИРОТ св.ЃОРЃИЈА ВО ДЕЉАДРОВЦЕ
На 02.10.2017 ООУ„ Крсте Мисирков“ организираше еднодневен излет во манастирот св.Ѓорѓија во Дељадровце со учениците од I до IX одделение.
Излетот беше беспрекорно организиран. Во пријатна атмосфера учениците се рекреираа со најразновидни активности и игри. Го посетија и манастирот св.„Ѓорѓија“. Беше задоволство да се гледа радоста и насмевката на нивните лица кои оддаваа целосна исполнетост.

ДЕТСКА НЕДЕЛА
На ден 05.10.2017 во ООУ Крсте Мисирков се организираше прием на првачиња во детската организација. На приемот беше прочитана заклетвата, секое дете доби свој беџ и ученички пасош. Холот беше пригодно декориран за ова намена со што се добринесе за уште попријатна атмосфера која овој ден ќе им го врежи во трајно сеќавање на нашите најмали ученици. На големиот одмор им се придружија другарчињата од погорните паралелки на заедничка дружба и забава.
На ден 05.10.2017 во ООУ Крсте Мисирков се организираше прием на првачиња во детската организација. На приемот беше прочитана заклетвата, секое дете доби свој беџ и ученички пасош. Холот беше пригодно декориран за ова намена со што се добринесе за уште попријатна атмосфера која овој ден ќе им го врежи во трајно сеќавање на нашите најмали ученици. На големиот одмор им се придружија другарчињата од погорните паралелки на заедничка дружба и забава

ДЕН НА ЈАБОЛКОТО
На 27 септември 2017 година во нашето училиште се спроведоа активности за одбележување на ДЕНОТ НА ЈАБОЛКОТО со цел да се зголеми свеста кај учениците за вредноста на јаболкото во здравата исхрана.
Учениците вредно работеа под менторство на своите наставници и своите изработки ги изложија на штандот во холот на училиштето. Беше поставен и штанд со јаболка на кој учениците можеа да си купат по симболична цена јаболко и здрава храна од јаболко и со своите другарчиња да уживаат во благодетите на овој плод. Учениците од дневен престој имаа работилница во холот на училиштето каде со пластелин твореа на тема: јаболко.
Активност беше збогатена со посета на претставници од ПСУ Дом за стари лица „Руски“. Нашите ученици ги пречекаа гостите со насмеани лица. Најмладите и постарите во нашата општина ги споделија своите искуства преку едночасовно дружење во кое децата пееја песнички и пренесоа пораки за здравиот начин на живот, а додека постарите лица го пренесоа нивното искуство од животот. Беше прекрасно и емотивно дружење на двете генерации. На крајот од средбата заеднички играа и танцуваа на детските песнички.
Нашите ученици им приредија пријатно изненадување: торта во форма на јаболко со која беа почестени во холот на училиштето. ЗДРАВАТА ХРАНА ГИ ПОВРЗУВА ГЕНЕРАЦИИТЕ

ДЕН НА ЕВРОПСКИТЕ ЈАЗИЦИ
На 26 септември 2017 година во ОOУ” Крсте Мисирков” - Скопје се одржа манифестација по повод Европскиот Ден на Јазиците. Манифестацијата се одржа во училишниот хол каде беа поставени паноа на англиски, македонски и француски јазик на кои гостите имаа можност да ја погледнат богатата културна традиција на јазиците од наведените земји. Културните обележја беa претставени и преку презентација на паноата од страна на учениците. Се спроведе и работилница во училишниот хол каде учениците твореа знаменитости и културни обележја од македонско, англиско и француско подрачје. Учениците Дамјан Митревски и Викторија Поповска изработуваа ликовни творби на кои ги претставија Big Ben и Ајфеловата кула.
Манифестацијата беше збогатена со ритмички точки на учениците од IV и Vто одделение на англиски јазик, проследени во музичка интерпретација на учениците Мила Бошковиќ и Ѓорѓи Придаенкоски.
Манифестацијата беше збогатена со ритмички точки на учениците од IV и Vто одделение на англиски јазик, проследени во музичка интерпретација на учениците Мила Бошковиќ и Ѓорѓи Придаенкоски.
„21 септември Светски ден на мирот“„21 септември Светски ден на мирот“
На 21 септември во нашето училиште пригодно беше одбележан Светскиот ден на мирот посветен на чистиот воздух под мотото чист воздух за здраво детство. Нашето училиште се приклучи кон акцијата „За чист воздух“ со низа активности. Беа засадени нови садници во училишниот двор и истиот хортикултурно се уредуваше. Во холот на училиштето беше уредено пано со пораки за чист воздух како и литературни творби од нашите ученици и trash art изработки.
Беше прочитан реферат за значењето на чистиот воздух за животот на луѓето. Беше поставен полигон за велосипеди на кој се спроведе меѓуученички натпревар со велосипеди
Беше прочитан реферат за значењето на чистиот воздух за животот на луѓето. Беше поставен полигон за велосипеди на кој се спроведе меѓуученички натпревар со велосипеди
ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА
На ден 07.09.2017 год. во училиштето се организираа активности по повод 8ми септември. Се прочита реферат за празникот и се организираа активности по повод истиот. .
Во холот на училиштето беше поставено посебно катче под раководство на тимовите за манифестации и естетско уредување. Учениците твореа за празникот и изработија бројни македонски знамиња во различни техники
Во холот на училиштетото беше поставена платформа на која учениците со посебна чест ги поставија своите изработени знаменца.

ПРВАЧИЊА - ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН.
Училиштето организираше свечен прием на првачињата на првиот училишен час.
За оваа пригода училиштето беше посебно украсено со пригодни декорации кои создадоа пријатна атмосфера и придонесоа чинот на поаѓање во училиште засекогаш да им остане врежан во сеќавањата на учениците како свечен и возвишен момент.
Овој посебен момент и влезот во нова животна фаза на малите првачиња го збогати и присуството на градоначалникот на општина Гази Баба г-н Тони Трајковски, и претставници од општина Гази Баба, кој ги поздрави нови првачиња и им посака многу успех на патот до знаењето.
Постарите другарчиња подготвија посебна програма со која ги поздравија и им посакаа топло добредојде на нашите нови ученици.
На учениците им беа подарени посебно спакувани чоколадца со логото на училиштето и изработени беџови со нивните имиња кои засекогаш ќе им бидат спомен на првиот училишен ден, како и балони со хелиум кои придонесоа за насмевката на првиот училишен ден.

ETwinning
ETwinning амабасадорот Маја Виденовиќ, на ден 04.07.2017 година, во ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје, одржа презентација за промоција на порталот на ETwinning и можноста за вклучување на наставниците во ETwinning. Наставниците беа запознаени со можностите кои ги нуди оваа заедница на училишта во Европа, начинот на зачленување, комуникација и соработка со наставници од другите држави, работа на проекти и можностите за професионален развој. Исто така им беа презентирани и неколку проекти реализирани од учениците од ова училиште со посебен фокус на ICT stories, проект за кој е добиен и Европски знак на квалитет.
SCIENTIX - ОБУКА
Презентација на Scientix во ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје На ден 03.07.2017 година во ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје се одржа презентација на тема: Scientix портал (можности, настани, ресурси). Презентацијата ја реализираше наставникот по информатика од нашето училиште Маја Виденовиќ, која е и Scientix амбасадор. На истата беше презентиран Scientix проектот и неговиот портал. Наставниците од нашето училиште кои предаваат предмети од СТЕМ областите беа запознаени со Scientix порталот, придобивките и можностите за негово користење. Најголем фокус се посвети на огромниот број на проекти и ресурси од СТЕМ образованието кои можат да се најдат на овој портал, како и големиот број опции за професионален развој кој ги нуди Scientix (вебинари, Moodle курсеви, MOOC, работилници, конференции и слично).
УПИС НА ПРВАЧИЊА ВО УЧЕБНАТА 2017-2018
ООУ КРСТЕ МИСИРКОВ ГИ ОЧЕКУВА СВОИТЕ НОВИ ПРВАЧИЊА - ПОВЕЛЕТЕ!!! ДОБРЕДОЈДЕНИ СТЕ!!!
ЦЕРЕМОНИЈА НА СВЕЧЕНА ПРОМЕНА НА ДРЖАВНОТО ЗНАМE
На 13.04.2017 година во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.
На оваа манифестација присуствуваа и учениците од петто одделение од нашето училиште заедно со нивните наставнички, директорот на училишетето и педагошката служба.
Ученичката Сара Тошевска го претстави нашето училиште, се заблагодари за приемот и му го честита престојниот најголем христијански празник, Велигден и за спомен му предаде мал скромен подарок изработен од вредните и вешти раце на учениците.
Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.

ВЕЛИГДЕНСКИ ХЕПЕНИНГ
Традиционалниот Велигденски продажен хепенинг во нашето училиште оваа година се одржа на 12.04.2017 година со почеток во 17:00 часот во новата спортска сала.
Пред почетокот на хепенингот беа направени сите потребни подготовки за истиот да протече во најубава атмосфера.
Беа испечатени флаери-покани и истите доставени до родителите како и плакати кои ги користевме за информирање на пошироката јавност. Училиштето и спортската сала каде што се одржа хепенингот беа пригодно украсени поставено озвучување со одбрана музика и безжични микрофони кои им овозможија на учените да се движат и комуницираат со посетителите.
Посетителите ги пречекаа учениците од Дневен престој, предводени од своите наставнички Тања Шипинковска и Јелена Димовска Блажевска, и со пригодна Велигденска песна и велигденски декорации им посакаа топло добредојде.
На Велигденскиот продажен хепенинг учениците учествуваа со свои најразлични изработки со Велигденски мотиви изработени самостојно или со помош на нивните родители и наставници.
Секое оддделение имаше посебен штанд каде беа изложени нивните изработки, а посетителите на тој начин имаа можност да си купат изработки кои беа изработени од нашите ученици.
Посетеноста беше голема, енергијата завидна, насмевките и звуците на радост одзвонуваа во просторот.
Учениците од дневен престој исто така беа помеѓу посетителите и ги честеа со велигденски слатки и чоколада, обезбедувајќи атмосфера на добредојде, поврзаност и соработка.
Беа презентирани изработките од учениците кои учествуваа на конкурсот за најдобро декорирано велигденско јајце.
Посетителите ги поздрави и директорот на училиштето м-р Наташа Тргачевска-Мојсовски а на наградените и пофалените ученици им ги врачи признанијата и наградите
Хепенингот протече во пријатна атмосфера. Целта е во целост остварена.

ПОСЕТА И СОРАБОТКА СО УЧИЛИШТЕТО „НАИМ ФРАШЕРИ - ТЕТОВО“
Со цел да развиваат вештини за соработка и комуникација со ученици од друга етничка заедница, но и да влијаат врз подигањето на еколошката свест на граѓаните за намалување на загаденоста во општините „Гази Баба“ и „Тетово“, ООУ„Крсте Мисирков“ склучи официјални партнерски односи со ООУ„Наим Фрашери“ од Тетово. Соработката беше одобрена и од Министерството за образование и наука, кое ќе ги финансира заедничките активности на двете училишта.
Училиштата на почетокот на годината воспоставија електронска соработка и се договорија да се фокусираат кон интеркултурна и интеретничка соработка преку низа активности насочени кон подигање на свеста на учениците и охрабрување во реализација на Проектот „Градиме заедничка иднина“, кој подразбира истражување на причините за загаденоста на двете општини и изготвување препораки до пошироката популација за заштита од загаденоста и превенција на здравјето, преку консултација на стручни лица и изработка на рекламен материјал – флаери и брошури.
Со оглед на темата која е предмет на оваа соработка, нашата прва средба се реализираше токму на Денот на пролетта и екологијата во ООУ„Наим Фрашери“ во Тетово. На оваа прва средба присуствуваа по 12 ученици и по пет наставници од двете училишта. Од планираниот сет активности, на првата средба се реализираа работилници за мултикултурно учење и меѓуетничка соработка за учениците од двете училишта. Во знак на Денот на пролетта и воспоставеното пријателство, учениците посадија заедничко дрво, кое ќе го одгледуваат учениците од „Наим Фрашери“. Го посетивме и Арабати Баба Теќе, кое е во близина на училиштето. Посетата заврши со договор за следна средба во нашето училиште каде ќе продолжи прекрасното дружење.

ПОСЕТА НА ЕТНОЛОШКИОТ МУЗЕЈ
На ден 16.03.2017 година го посетивме Етнолошкиот музеј. Средбата со кустосите беше срдечен, а едукацијата и запознавањето со богатото културно наследство беше проследено со големо внимание од учениците. Особен интерес учениците покажаа на поставките кај народниот вез и нароата носија, предметите од домаќинството, архитектурата на куќите во одредени делови на Македонија како и орнаментиката на народниот вез на килимите исткаени рачно на разбој.
Работната прошетка заврши со желба за повторна средба наскоро, бидејќи учениците покажаа интерес и за уште една едукативна работилница во која ќе фарбаат јајце за Велигден и ќе моделираат предмети со глинамол (грнчарство).
На враќање учениците евулираа впечатоци кои денес ги претставија во цртеж -,, Што најмногу ми се допадна во изложбата од Етносот на Македонија?“

ПОСЕТА НА ПЛАНЕТАРИУМ
На ден 15.03.2017 година (среда) учениците од второ оделение при ООУ„Крсте Мисирков„-Скопје ,беа во посета на Планетариум .
Учениците своите знаења по предметот Природни науки ,на тема Вселена,ги проширија и надополнија своите знаења за вселената,ѕвездите и планетите,од стручното предавање кое го слушаа.
По разговорот со учениците,нивните наставници дојдоја до заклучок дека учениците како прво се забавуваа ,а потоа и ги надополнија своите знаења.

ДЕНОТ НА БРОЈОТ - ПИ
На 14.03.2017 беше одбележан Интернационалниот ден на бројот π.
Учениците со помош на предметните наставнички по математика, на листови ги напишаа првите неколку цифри на овој бесконечен непериодчиен децимален број. Исто така изготвија хамер на кој го прикажаа овој интересен број.
Математика – на интересен начин пренесена и доближана до учениците

ЕНЕРГИЈА
Соработката меѓу ООУ “Крсте Мисирков“, и градинката “25 Мај“-клон Сонце“ во рамките на проектот „Интеграција на еколошката едукација во образованието“ на тема „Енергија“ се реализира и во текот на оваа учебна година. Активноста беше насловена како „Спроведување на електричната енергија-да направиме струјно коло“. Активноста се одржа на ден 09.03.2017 година. Во активноста беа вклучени учениците од V одделение при ООУ „КрстеМисирков“ под менторство на АнетаТопалова, одговорен наставник за подрачјето„ЕНЕРГИЈА“ и децата од големата група од градинката.
За патот на електричната енергија до нашите домови дечињата дознаа од подготвената презентација која на конструктивен начин им го долови патувањето на електричната енергија од местото на производство па се до нашите домови.

Општински натпревар по математика
На 25.02.2017 во ООУ„Кирил и Методиј“ во стајковци се одржа општински натпревар по математика. На натпреварот учествуваа 21 ученици од нашето училиште и освоија три I (први) награди, две II (втори) награди, три III (трети) награди и три пофалници и воедно се пласираа на регионалниот натпревар по математика.
Предавање на тема „Професија – компјутерски инженер“ од страна на Проф. д-р Владимир Трајковиќ од ФИНКИ, УКИМ
На ден 10.02.2017 година во рамките на Неделата на информатиката, а со цел промоција на информатиката како наука во ООУ„Крсте Мисирков“, Скопје се одржа стручно предавање на тема: Професија – компјутерски инженер, од страна на Проф. д-р Владимир Трајковиќ од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при УКИМ. Предавањето траеше еден училишен час и се спроведе пред 33 ученици од VIII и IX одделение, кои имаат афинитети кон информатиката како наука.
Проф. Трајковиќ зборуваше за предностите и предизвиците на професијата компјутерски инженер со посебен акцент на професијата програмер. Учениците се вклучија во дискусија за тоа што треба да се знае за да се креира робот, мобилна апликација и паметен дом. Предавањето ги побуди интересот и вниманието на учениците за оваа професија и учениците изразија интерес да го посетат ФИНКИ и неговите лаборатории.

Kahoot натпревар - Недела на информатиката
Натпревар помеѓу учениците од VI и VII одделение на материјалот кој се изучува во наставната програма со посебен осврт на теми поврзани со безбедно користење на Интернетот беше една од спроведените активности за одбележување на Неделата на информатиката во ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје.
За спроведување на натпреварите се користеше апликацијата Kahoot, која учениците ја инсталираа на своите телефони. Победник во квизот беше оној тим кој одговорил точно на најголем дел од прашањата за најкраток можен рок. Натпреварувачкиот дх, задоволството од користење на мобилни апликации и учење преку игра се гледаа на лицата на учениците кои беа возбудени од начинот на реализација на активностите. Активностите беа следени и од психологот во училиштето. Интересно е што учениците појавија интерес за употреба на мобилните апликации во наставата и на други часови.
Победник од VI одделение е: Марија Стојановска – VI-3 одделение
Победник од VII одделение е Тимот: Дарио Тасевски, Филип Ѓуревски и Иван Георгиев од VII-2 одделение

Safer Internet Day - Недела на информатиката
Учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје, и оваа година се вклучија во одбележување на Денот за побезбеден Интернет, со цел промовирање на побезбедна и поодговорна употреба на онлајн технологиите, особено меѓу децата и младите луѓе низ светот. Оваа година Денот на побезбеден Интернет се одбележа на 07.02.2017 под мотото е „Be the change: Unite for a better Internet” позади кое стои потребата сите заедно да придонесеме за побезбеден Интернет.
На учениците од VI одделение им беа посочени содржините на сајтот Безбедно на Интернет –www.crisp.org.mk и беше дискутирано во врска со истите. Интересот на учениците како и секоја година беше огромен.
Се реализираа работилници со учениците од VI и VII одделение на тема „Фотографиите кои ги постираш“ кои поттикнаа огромен интерес кај учениците. Се дискутираше за фотографиите кои ги поставуваат онлајн, какви се информации можат да се добијат од нив, на што треба да внимаваат кога објавуваат фотографии, што се тоа лични податоци и како да ги заштитат своите лични податоци.
Учениците активно земаа учество во дискусиите, отворено разговараа за нивните активности онлајн, прашуваа прашања и беа заинтересирани како да се заштитат онлајн. Се дискутираше како сите заедно со мал напор можеме да допринесеме за побезбеден Интернет.

„ОПЕРАТА НА ШУМСКИТЕ ЖИВОТНИ“
Како дел од вон наставните активности учениците од I – V одделение при ООУ „Крсте Мисирков“ го посетија МОБ и ја проследија операта за деца „ОПЕРАТА НА ШУМСКИТЕ ЖИВОТНИ“
Учениците од III, IV и V одделение ја посетија операта на 06.02.2017 а учениците од I и II одделение на 07.02.2017 години. Многу импресии, радост, смеа, и културна надградба ја одликуваа оваа наша активност.

СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ - КОШАРКА
Во периодот од 25 – 31 јануари 2017 година, во новата сала учениците од ООУ Крсте Мисирков одделенска настава учествуваа на спортски активности. За учениците од III, IV и V одделение беа организирани и спроведени меѓуодделенски натпревари во кошарка, а за учениците од I и II одделение спортски штафетни игри во чија основа се кошаркарските елементи. Активноста беше реализирана во заедничка соработка со спортскиот кошаркарски клуб MВП.Натпреварите и игрите беа вистинско освежување за учениците кои ја посетија и уживаа во погодностите што ги нуди новата сала.
Радоста и насмевките на нивните лица изобилуваа. Во училиштето се чувствуваше натпреварувачката атмосфера како и спортскиот дух. На победниците им беа врачени пехари кои ќе ги украсуваат нивните училници како и пофалници и благодарници за сите екипи што учествуваа.

Посета и донација од
единицата батаљон на „Воена Полиција“ – бВП - составен дел од АРМ.
На 26.12.2016 година нашето училиште беше посетено од претставници на Армијата на Република Македонија, единицата Батаљон на „Воена Полиција“ – составен дел од АРМ, која одигра клучна улога во справување со кризата предизвикана од елементарната непогода: поплава, која го зафати регионот во кое се наоѓа нашето училиште а голем број од нашите ученици беа зафатени од истата.
На учениците им се обратија високи претставници од АРМ, бригаден генерал Зоран Милевски, генрал Орце Јордев и потполковник Васко Коколански, претставувајќи ја улогата и задачата на армијата. Нашите ученици ги поздравија со пригодни новогодишни песнички. Учениците се дружеа со претставниците на АРМ, им постауваа прашања а претставниците на Армијата ги почастија со нивната донација: сокчиња и чоколади.
Оваа средба засегогаш ќе остане врежана како прекрасен спомен во срцата на учениците како и преставниците од АРМ.

УЧЕСТВО НА ТВ ЕМИСИЈА
Нашето училиште ООУ „Крсте Мисирков“ целосно е во функција на проширување и збогатување на воспитно-образовната дејност во согласност со наставни курикулуми со основна цел поттикнување, проширување и омасовување на културата. Во училиштето преку разни форми на организирање и учества на учениците посебен акцент се става на откривање, стимулирање и насочување на талентираните ученици. Затоа со големо задоволство ја прифативме поканата за учество во емисијата „Голем одмор“ која се емитува на МРТ. На 20.12.2016 год. учениците од петто и прво одделение учествуваа во контактно–образовната емисија „Голем одмор“ како и хорот, оркестарот, и учениците кои учествуваат во еколошките активности. Учениците се претставија со разновидни содржини: балет, драматизација, квиз на знаења, креативна работилница, еко модна ревија, настап на оркестарот и хорот на училиштето.
Во текот на снимањето насмевката постојано ги красеше нивните детски лица. Се надеваме дека фотографиите ќе успеат барем за миг да Ве однесат во тој волшебен свет од кој бевме дел и ние учениците од ООУ„Крсте Мисирков“

ДЕН НА ДРВОТО - ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА
На 30.11.2016 година по повод „Денот на дрвото-Засади ја својата иднина! активно учество земаа учениците од ООУ„Крсте Мисирков“-Скопје.
Во рамките на оваа акција, учениците од нашето училиште во придружба на наставниците беа ангажирани со активности по повод денот на дрвото као што се: творење, еколошко уредување и засадување на шумски садници во училишниот двор.
Учениците беа видно заинтересирани и земаа активно учествово акцијата.
Имено учениците од I – IV твореа на темите, важноста на дрвата за чиста и здрава околина, изработуваа литературни и ликовни творби, постери и флаери, а во уредувањето на училишниот двор и зеленилото во училиштето, како и засадување на голем број садници беа вклучени учениците од V-IX одделение. Особено задоволство за училиштето беше посетеноста на родителите во училиштето по повод акцијата „Засади ја својата иднина“, Денешниот ден помина во пријатна , работна , весела , дружељубива атмосфера.

ПАТРОНАТ
На ден 18. 11.2016 ООУ КРСТЕ МИСИРКОВ го прослави својот патронат. По отворените денови и активности во текот на неделата круната на активностите беше завршната програма. Програмата се одржа во стилски декорираниот простор во холот на училиштето и присуствуваа еминентни гости од областа на образованованието. На програмата зедоа учество хорот и оркестарот на училиштето со пригодно одбрани нумери, беа поделени дипломи и награди за најуспешните ученици како и благодарници до училиштата со кои училиштето редовно соработува на бројни активности и проекти. Програмата беше збогатена со TRASH ART модна ревија како ритмички и балетски точки.
КВИЗ НА ЗНАЕЊА - ЧЕТВРТИ ДЕН ПАТРОНАТ
Учениците од четврто одделение организираа и учествуваа на квиз на знаење. Учениците беа поделени по одделенија. На квизор нашите ученици покажаа високо ниво на усвоеност на материјалот и знаење од областа на општата култура.
Најдобри резултати постигна одделението IV-2 под менторство на наставникот Лидија Петрушевска.
Најдобри резултати постигна одделението IV-2 под менторство на наставникот Лидија Петрушевска.
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР - ЧЕТВРТИ ДЕН ПАТРОНАТ
Кошаркарите при нашето училиште одиграа пријателски натпревар со учениците од ООУ „ЊЕГОШ“ - Колонија-Идризово. Натпреварот помина во пријатна спортска и пријателска атмосфера.
МОДЕЛИРАЊЕ НА ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА НАШИОТ ПАТРОН КРСТЕ МИСИРКОВ - ТРЕТ ДЕН ПАТРОНАТ
Учениците од второ одделение одржаа работилница: моделирање на ликот и делото на Крсте Мисирков заедно со своите родители а под менторство на нивните наставници.
Вредно работеа заедно со своите родители и изработија модели од глина и пластелин на високо ниво.
Вредно работеа заедно со своите родители и изработија модели од глина и пластелин на високо ниво.
ЛИТЕРАТУРНО ЧИТАЊЕ - ТРЕТ ДЕН ПАТРОНАТ
На 16.11.2016 се одржа литературно читање на кое учествуваа учениците од литературната секција и ги презентираа своите лични творби а имаа и средба со писателката Жаклина Трпевска која говореше за предизвиците и убавините на пишаниот збор.
Наградени ученици се: Јована Ангеловска, Ангела Поповска и Тамара Стојанова.
Наградени ученици се: Јована Ангеловска, Ангела Поповска и Тамара Стојанова.
ЛИТЕРАТУРНО ТВОРЕЊЕ - ВТОР ДЕН ПАТРОНАТ
Учениците од трето одделение одржаа литературно читање и творење за нашиот патрон.Темата беше-Ликот и делото на Крсте Мисирков,,Учество во работилницата земаа ученици од активот на третите одделенија заедно со нивните наставнички и родители.На крајот учениците ги изложија своите творби на училишните паноа.
ЕКО РАБОТИЛНИЦА - TRASH ART - ВТОР ДЕН ПАТРОНАТ
Учениците од одделенска и предметна настава под менторство на тимот од Еко – одборот твореа на тема TRASH ART.
Поделени во две групи имаа различни задолженија.
Првата група изработуваше облека од материјал за рециклирање а втората група дизајнираше облека изработена од различни материјали. Креативноста на нашите ученици е за восхит. Финалните продукти мамеа насмевки и воздишки на присутните родители и посетители на активноста.

ЛИКОВЕН ХЕПЕНИНГ - ПРВ ДЕН ПАТРОНАТ
Активност која бараше талент, работа, ангажман и многу многу креативност беше ликовниот хепенинг на кој нашите ученици вредно твореа и изработија прекрасни уметнички дела кои ќе бидат изложени на штандот на училиштето.
ПРИРЕДБА - ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ - ПРВ ДЕН ПАТРОНАТ
Втората активност која се организираше во попладневните часови на првиот ден од прославувањето на патрониот празник,во 16 часот беше кусата програма подготвена од страна на нашите најмали, учениците од прво одделение, кои пред своите родители се претставија со неколку рецитали, музички изведби, драматизацијата „Дедо Медо и крушата“ како и балетска точка со која измамија воздишки на восхит.
РАБОТИЛНИЦА - МАКЕДОНИЈА НАША ТАТКОВИНА - ПРВ ДЕН ПАТРОНАТ
По повод одбележувањето на Патрониот празник на нашето училиште на ден 14. 11. 2016 година, Тимот за меѓуетничка интеграција од нашето училиште и од ООУ „25 Мај“ заедно со учениците од двете училишта со различен јазик и религија изработија свои лични трудови. Учениците беа распоредени во две мешани групи и истите работеа на два посебни труда. Темата беше „Македонија, наша татковина“ и на истата учениците од едната група изработуваа хамер, а учениците од другата група книга. Оваа заедничка активност кај учениците и наставиците предизвика посебна соработка и дружење, а воедно и беше многу корисна и ефективна.
Рекреативна екскурзија на учениците од IX одделение
Рекреативната екскурзија со учениците од IX одделение беше изведена на 26-28 октомври 2016-та година низ Западна Македонија, со две ноќевања во Охрид. На тридневната екскурзија патуваа учениците од сите паралелките на IX одделение. Поаѓањето беше пред училиштето во 8:00 часот, преку Тетово, Гостивар и Дебар, притоа беа посетени Маврови Анови, манастирот "Св. Јован Бигорски", женскиот манастир во с. Рајчица, Вевчанските извори, Природно-научниот музеј во Струга и Охрид како крајна дестинација. Во Охрид беа посетени Заливот на коските, манастирскиот комплекс "Св. Наум", Охридската стара чаршија, Самоиловата тврдина, Плаошник - расадникот на словенската писменост, црквата "Св.Јован Канео" и црквата "Св. Софија", која е една од најголемите средновековни цркви на овие простори.
„СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ – V ОДДЕЛЕНИЕ“
По повод Денот на општината 3 ноември, учениците од ООУ Крсте Мисирков учествуваа на спортските активности организирани од Општинскиот сојуз на училишен спорт на Гази Баба на 27.10.2016 година во спортската сала Методија Андонов Ченто при ООУ Наум Наумовски - Борче.
Нашите ученици се натпреваруваа со две други училишта и покажаа, физичка подготвеност, спретност и спремност на највисоко ниво.
Нашите ученици се натпреваруваа со две други училишта и покажаа, физичка подготвеност, спретност и спремност на највисоко ниво.
„БЛАГОДАРНИЦА за успешна соработка “
На ден 21.10.2016год. претставници од ООУ„Крсте Мисирков “-Скопје присуствуваа на настанот во куќата на Мајка Тереза при доделувањето
на БЛАГОДАРНИЦА за успешна соработка во хуманитарната акција .
Од училиштето беа присутни тројца ученици од предметна настава и една ученичка од одделенска, придружувани од две наставнички една од предметна и една од одделенска настава.
Учениците од нашето училиште имаа можност да ја покажат својата хуманост земаеки учество во акцијата на собирање метални монети со кои направија круг кој беше симбол на хуманоста и делото на Мајка Тереза.
По тој повод и нашето училиште присуствуваше на манифестацијата при доделување на благодарници.

ЕДНОДНЕВЕН ИЗЛЕТ ВО ЧАРДАК
На 14.10.2016 ООУ„ Крсте Мисирков“ организираше еднодневен излет во месноста „Чардак“ со учениците од I до IX одделение.
„15 ОКТОМВРИ – ДЕН НА ПЕШАЦИТE“
По повод одбележување на 15 Октомври – Денoт на пешаците со учениците од трето одделение се организираше Еко-парада во месноста „Чардак“ на 14.10.2016 година. Учениците со своите наставници и дел од еко-одборот направија куса прошетка по месноста, носејќи транспаренти. Движејки се низ улиците учениците со своите пораки имаа можност да ја покажат својата сообраќајна и еколошка култура, грижа за здравјето и животната средина. Учесниците во парадата беа поздравувани од случајните минувачи и учесниците во соообраќајот. Сериозноста со која нашите најмали ученици им објаснуваа на минувачите за целта на еко-парадата мамеше насмевки на нивните лица. Навистина беше прекрасно чувството да се биде дел од еден ваков настан.
ПРИЕМ НА ПРВАЧИЊА ВО ДЕТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА - ДЕТСКА НЕДЕЛА
На ден 07.10.2016 во ООУ Крсте Мисирков се организираше прием на првачиња во детската организација. На приемот хорот на училиштето ги поздрави учениците со пригодни песнички. Беше прочитана заклетвата, секое дете доби свој беџ и ученички пасош. Секое дете доби и балон со соодветната боја на одделението. Холот беше пригодно декориран за ова намена со што се добринесе за уште попријатна атмосфера која овој ден ќе им го врежи во трајно сеќавање на нашите најмали ученици.
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 11 ОКТОМВРИ
На ден 07.10.2016 год. во училиштето се организираа активности по повод 11 октомври. Првиот час од наставата беше наменет за празникот 11 Октомври.
Активноста која што се спроведе беше следната:
- Сите ученици на интернет, распоредени во парови истражуваа и читаа податоци за Денот на Народното востание на македонскиот народ.
- За часот настаниците ќе добија наставно ливче за секој ученик со податоци и опис за празникот и неговото значење за Република Македонија. Учениците изработуваа ликовни, литературни творби и проекти со податоците од истражувањето. На паноата во холот на училиштето беа презентирани нивните изработки.
БЕЗБЕДНОСТ ВО ОКОЛИНАТА
На ден 21.09.2016 год. Во нашето училиште се организираа целодневни активности посветени на „Безбедноста на учениците во околината“. Во сите одделенија се водеа дискусии за важноста на безбедноста на учениците во околината, во разни ситуации во кои би се нашле и како да реагираат и се однесуваат во случај на ситуација која им ја нарушува безбедноста. Се спроведоа и работилници на оваа тема каде што учениците твореа и прикажуваа различни безбедносни ситуации и пишуваа пораки и насоки на однесување дел од учениците вршеа истражување на интернет и изработка на презентации.
ДЕН НА ЕВРОПСКИТЕ ЈАЗИЦИ
На 30 септември 2016 година во ОOУ” Крсте Мисирков” - Скопје се одржа манифестација по повод Европскиот ден на Јазиците. Манифестацијата се одржа во училишниот хол каде беа поставени паноа на англиски, македонски и француски јазик на кои гостите имаа можност да ја погледнат богатата културна традиција на јазиците од наведените земји. Училиштето беше претставено и преку презентација на паноата од страна на учениците. Се спроведе и работилница во училишниот хор каде учениците твореа знаменитости и културни обележја на од македонско, англиско и француско подрачје.
Манифестацијата беше збогатена со музичките изведби на учениците Мила Бошковиќ од III и Ѓорѓи Придаенкоски од IV одделение на англиски јазик.
Манифестацијата беше збогатена со музичките изведби на учениците Мила Бошковиќ од III и Ѓорѓи Придаенкоски од IV одделение на англиски јазик.
ДЕН НА ЈАБОЛКОТО
На 27 септември 2016 година во нашето училиште се спроведоа активности за одбележување на ДЕНОТ НА ЈАБОЛКОТО со цел да се зголеми свеста кај учениците за вредноста на јаболкото во здравата исхрана.
Учениците вредно работеа под менторство на своите наставници и своите изработки ги изложија на штандот во холот на училиштето. Беше поставен и штанд со јаболка на кој учениците можеа да си купат по симболична цена јаболко и со своите другарчиња да уживаат во благодетите на овој плод.

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ
22 Септември , "Меѓународниот ден без автомобили“ беше одбележан и во нашето училиште. По повод овој настан членовите на Еко одборот, и учениците од Еко –секцијата спроведоа повеќе активности. Учениците од Еко-секцијата изготвија и на родителите и локалните минувачи им поделија флаери со содржина која потикнува на користење на велосипедот како превозно средство. Исто така учениците подготвија и спроведоа анкета со цел да се добијат сознанија за тоа колку вработените и учениците од нашето училиште го користат велосипедот како превозно средство, како и увид во состојбата за рационално користење на автомобилите од страна на наставниците. Во рамките на училиштето беше организиран и меѓуученички натпревар со велосипеди. Се надеваме дека овие наши активности ќе ги потикнат вработените во училиштето, родителите на учениците и останатите од локалната заедница да ги остават своите миленичиња на четири тркала дома и да уживаат во возење велосипед или пешачење. Со тоа ќе го направат вистинскиот потег за зачувување на чистиот воздух и чистата животна средина.
ЧЕСТВУВАЊЕ НА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ
На ден 21.09.2016 год. Ученици од нашето училиште ООУ„Крсте Мисирков“ на покана од Градската Библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје учествуваа на чествувањето на Крсте Петков Мисирков.
На чествувањето предавање одржа проф. Димитар Пандев кој говореше за делото на Крсте Петков Мисирков и значењето на јазикот за културата на еден народ, а извадоци од неговото творештво читаа ученици од средните училишта.
Нашите ученици имаа можност да учествуваат на еден културен настан кој се одржува во нашиот град, и му оддадоа признание на патронот на своето училиште и беа посебно поздравени од организаторите на културниот настан.

АКТИВНОСТИ „МАЈКА ТЕРЕЗА“
На ден 2.09, 2016 во нашето училиште се реализира хуманитарната акција „КРУГ НА ХУМАНОСТА“
Првиот училишен ден во ООУ„Крсте Мисирков“-Скопје
01. 09. 2016
01. 09. 2016
Денешниот
ден за сите нас е свечен ден, со него започнува новата учебна година, а за
учениците е најрадосен ден на кој ќе се сеќаваат секогаш.
Од денес нашето училиште „Крсте Мисирков“ за сите
ученици ќе биде втор дом, а наставничките ќе бидат втори мајки.
Среќен почеток ученици наши. . .
ПРВЕНЦИ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2016
НАШАТА ГОРДОСТ.
ПРВЕНЦИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2016. ООУ КРСТЕ МИСИРКОВ ВИ ПОСАКУВА УСПЕХ ВО ПОНАТАМОШНАТА НАДГРАДБА НА ВАШАТА ЛИЧНОСТ И ОБРАЗОВАНИЕ И СВЕТЛА ИДНИНА
ПРВЕНЦИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2016. ООУ КРСТЕ МИСИРКОВ ВИ ПОСАКУВА УСПЕХ ВО ПОНАТАМОШНАТА НАДГРАДБА НА ВАШАТА ЛИЧНОСТ И ОБРАЗОВАНИЕ И СВЕТЛА ИДНИНА
СПРОВЕДЕНА АКЦИЈА - ЗАСАДЕНИ НОВИ САДНИЦИ СО ЦВЕЌЕ
Во нашето училиште се спроведе третата акција за чистење и уредување на училишниот хол, по тој повод учениците од еколошката секција Еко Ѕвонче засадија 30 садници различни цвеќиња во саксии кои ги поставија во училишниот хол. Оваа акција и претходните пролетни акции што беа спроведени од страна на учениците се дел од пролетното разубавување и естетско уредување на нашето училиште. Со тоа учениците придонесуваат за поубав изглед на дворот и училишниот хол.
НАТПРЕВАР ЗА ПРВА ПОМОШ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ
На општинскиот натпревар екипата за прва помош на Црвениот крст од нашето училиште го освои третото место со што обезбеди учество на градскиот натпревар. На 04.06.2016 на Водно се одржа градскиот натпревар на екипите за прва помош на Црвениот крст на Р, Македонија. Од вкупно 15 екипи, екипата на нашето училиште го освои 7 место.
НАСТАВА ВО ПРИРОДА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД Vто ОДДЕЛЕНИЕ
Од 21.05.2016 до 25.05.2016година, активот на V одделенија од ООУ „Крсте Мисирков“, со вкупно 59 ученици, изведе настава во природа во Детското одморалиште „Бегова Корија “ во Крушево.
Посетени беа повеќе локалитети и знаменитости значајни за дополнување на знаењата на учениците: градот Крушево со неговите карактеристични стрмни и тесни сокаци и староградсктата архитектура, споменикот „Македониум“, „Спомен куќата на Тодор(Тоше) Проески“ и неговото вечно почивалиште,најстарата црква во градот „Св. Никола“, леарницата за леење на куршуми за Илинденското востание, ликовната галерија Никола Мартиновски, споменикот„Мечкин камен. Учениците во текот на образовниот дел твореа на дадени теми а организирани беа и најразлични манифестации со индивидуален и меѓуодделенски карактер.

РЕГИОНАЛЕН И ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР „ДЕТСКИ СЕМАФОР 2016“
Во организација на РСБСП на 14.05.2016 година во ОУ„Војдан Чернодрински“ во Скопје се одржа регионален натпревар по сообраќај „Детски семафор 2016“. Екипата од нашето училиште беше составена од ученици од малата група: Кристина Ристовска и Стефан Митковски од 6, Кристијан Димитриевски и Христијан Мијалески - Спасески од 7 одделение и голема група: Каја Сладиновски од 7 и Димитар Димитриевски од 9.
На натпреварот учениците освоија 1 место како екипа од Гази Баба. Ученичката Каја Сладиновски од големата група - женски натпреварувачи освои 1 место на општина Гази Баба со што обезбеди учество на државниот натпревар.
Државниот натпревар се одржа на 21.05.2016 година исто во ОУ„Војдан Чернодрински“. Од нашето училиште учествуваше првопласираната на Регионалниот натпревар Каја Сладиновски во состав со други ученици од општината како екипа од Гази Баба. Во натпреварувачкиот дел учениците прво решаваа тестови од сообраќај а потоа вешто возење на велосипед на полигон.
На натпреварот екипата освои 14 место.

ДВОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА НИЗ ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА
Екскурзијата се изведе низ Источна Македонија на 4 и 5 мај 2016 година со учениците од шесто одделение
Патувавме преку Велес, со куса пауза кај Велешкото езеро, каде што учениците го видоа вештачкото езеро Младост. Патувањето продолжи во Штип и посета на фабриката за чевли „Баргала“, каде што учениците имаа можност да се запознаат со процесот на изработка на чевли.
Во Радовиш ја посетивме црквата “Св. Тројца“, каде слушнаа за нејзината изградба од свештеното лице.
Во Струмица имавме кратка прошетка во центарот и паркот каде се наоѓа споменикот на претседателот Борис Трајковски.
По пристигнувањето во Стар Дојран, се организираше куса прошетка крај езерото и се запознаа со неговите убавини, богатата флора и фауна како и со специфичниот начин на ловење риба со помош на птици корморани.
Вториот ден го посетивме граничниот премин Дојран и системот за полнење на Дојранското Езеро, Негорските Бањи каде учениците уживаа во природните убавини, играа и се дружеа. На враќање за Скопје беше посетен и локалитетот Стоби.Екскурзијата се изведе низ Источна Македонија на 4 и 5 мај 2016 година со учениците од шесто одделение

Вториот ден го посетивме граничниот премин Дојран и системот за полнење на Дојранското Езеро, Негорските Бањи каде учениците уживаа во природните убавини, играа и се дружеа. На враќање за Скопје беше посетен и локалитетот Стоби.

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ПРИРОДНИ НАУКИ
Учениците од ООУ Крсте Мисирков учествуваа и на овогодинешниот натпревар по природни науки. Значителен успех постигнаа учениците од четврто одделение и нивните ментори и тоа:
Моника Стојановска II награда 81 бод - IV -2, ментор Лидија Димитриевска
Кристина Трајковска , пофалница, IV -2, ментор Лидија Димитриевска
Сара Тошевска , Јована Николовска, Тамара Темелковска IV -1, ментор Лилјана Стојковска,
Сара Ноческа и Ана Марија Трајковска - пофалници - IV -3- ментор Мимоза Црвенова

X Државен натпревар по информатика за основно образование - апликативни вештини
Оваа година Државниот натпревар по информатика се одржа на 18.05.2016 во Скопје во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ. Ученикот Давид Петковски од VII одделение од OОУ „Крсте Мисирков“ под менторство на наставникот по информатика Маја Виденовиќ, изготви домашна задача изработена во Power Point на тема: Македонија и се пријави на овој натпревар. Истата беше позитивно оценета и ученикот доби можност да учествува на Државниот натпревар по информатика и на истиот освои трета награда.
ЗАСАДУВАЊЕ НА НОВИ САДНИЦИ
Училишниот двор на нашето училиште од денес е побогат со 12 ново засадени дрвја. Учениците членови од еколошката секција Еко Ѕвонче спроведоа акција за обновување, естетско уредување и разубавување на дворот на нашето училиште, засадија 12 нови садници со млади дрвја од ела, бор и јавор. Со тоа учениците допринесоа за поубав и побогат со дрвја училишен двор и секако почист воздух и за учениците и воопшто за нашата околина.
СРЕДБА ВО ГРАДИНКАТА 25 МАЈ
УЧЕСТВО НА НАТПРЕВАРИ
УЧЕНИЦИТЕ НА ООУ КРСТЕ МИСИРКОВ СЕ ЗАКИТИЈА СО ГОЛЕМ БРОЈ НА ПРИЗНАНИЈА И ПОСТИГНАА ЗАБЕЛЕЖИТЕЛЕН УСПЕХ НА НАТПРЕВАРИТЕ КОИ СЕ ОРГАНИЗИРАА НА ОПШТИНСКО,РЕГИОНАЛНО И ДРЖАВНО НИВО
УПИС НА ПРВАЧИЊА
ООУ КРСТЕ МИСИРКОВ ЗАПОЧНУВА СО УПИС НА ПРВАЧИЊА ЗА УЧЕБНАТА 2016/2017 ГОДИНА. УПИСОТ ЌЕ ТРАЕ ОД 03-27.05.2016
ВЕЛИГДЕНСКИ ХЕПЕНИНГ
Традиционалниот Велигденски продажен хепенинг во нашето училиште оваа година се одржа на 27.04.2016 година со почеток во 17:00 ч.
На Велигденскиот продажен хепенинг учениците учествуваа со свои најразлични изработки со Велигденски мотиви изработени самостојно или со помош на нивните родители и наставници. Секое оддделение имаше посебен штанд каде беа изложени нивните изработки, а посетителите на тој начин имаа можност да си купат изработки кои беа изработени од нашите ученици.Хепенингот протече во пријатна атмосфера проследена со пригодна музика.

Ролеријада
На 22.04.2016 се одржа Ролер Трка оганизирана од Детскиот Културен Центар Карпош.
На трката учествуваа ученици одVI, VII и VIII одделение. Учениците е се натпреваруваа во две групи момчиња и девојчиња. Ученичката Ангела Петровска беше меѓу првите 10 девојчиња.
На трката учествуваа ученици одVI, VII и VIII одделение. Учениците е се натпреваруваа во две групи момчиња и девојчиња. Ученичката Ангела Петровска беше меѓу првите 10 девојчиња.
Одбележан Денот за побезбеден Интернет
tУчениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје, и оваа година се вклучија во одбележување на Денот за побезбеден Интернет, со цел промовирање на побезбедна и поодговорна употреба на онлајн технологиите, особено меѓу децата и младите луѓе низ светот. Оваа година мотото на кампањата е „Play your part for a better Internet” позади кое стои потребата од позитивна комуникација како во реалниот, така и во дигиталниот живот. Во таа насока учениците од IX одделение, заедно со наставничката по информатика Маја Виденовиќ, организираа низа на активности и работилници со учениците од пониските одделенија чија крајна цел беше поттикнување на размислување за безбедноста на Интернет, како и одговорноста која секој од нас ја има онлајн.
Како почетна активност беше спроведена поделба на брошури за ученици и наставници при што беше дискутирано за тоа што може секој од нас да направи за да може да се чувствуваме побезбедни на Интернет. Со учениците реализирани повеќе работилници кои ја потенцираа потребата од позитивната комуникација („Сите сме различни“, „Носи ги своите борови – позитивни коментари“ и „Сподели срце“), квиз за тоа како треба да се однесуваме онлајн, а беа разгледувани и содржините на сајтот Безбедно на Интернет –www.crisp.org.mk.
Интересот на учениците, како и секоја година, беше огромен. Сите тие се согласија дека позитивната комуникација е значаен сегмент во однос на одговорното и безбедно користење на Интернетот.

Извештај од учеството на семинарот на Проектот на УСАИД
„ Со читање до лидерство“
Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ спроведува активности во рамките на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“. Целта на проектот е подобрување на јазичните и математичките вештини кај учениците од почетните одделенија, зајакнување на педагошките вештини на наставниците, особено вештините за формативно оценување и процена на нивото на јазична и математичка писменост кај учениците, подогање на свеста кај целата заедница за важноста од јазичната и математичка писменост во интелектуалниот развој на децата.
Проектот „Со читање до лидерство“ нуди иновативни и креативни пристапи и активности, како што се: Караван на букви и броеви, Библиотека на тркала и Дигитална библиотека со соодветни материјали за учење.
На семинарот работевме со инструментите за мерење на постигањата по јазична и математичка писменост, ЕГРА и ЕГМА, со што ќе се обезбедат резултати кои ќе дадат јасна слика за постигањата на учениците по јазична и математика писменост и ќе поттикнат дијалог за унапредување на воспитно- образовната работа во училиштето.
Претставници од нашето училиште кои учествуваа на семинарот се :
Лилјана Стојковска (одделенски наставник) и
Елизабета Кузманоска (психолог ).
Проект на Министерството за образование и наука и
Бирото за развој на образованието
„Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“
ИЗВЕШТАЈ
По повод Месецот на книгата во нашата паралелка (IV-1 одд.) се одржа заедничка средба на родителите и учениците од паралелката. На средбата насловена „Јас прочитав – прочитај и ти“ учениците и родителите направија размена на книги.
На средбата учениците кажуваа зошто сакаат да читаат, што дознаваат од книгата, каде патуваат со книгата, со кого се запознаваат низ содржините на книгите. Учениците пишуваа и читаа познати мисли за книгата.
Дружењето заврши со заеднички заклучок:
За некои од нас читањето не е само здобивање со знаење, туку можност да се влезе во световите кои може никогаш нема да ги видиме.
Одделенски наставник
Лилјана Стојковска
Извештај за спроведените активности во ООУ „Крсте Мисирков”- Скопје за одбележување на „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина”
Учениците од ООУ„Крсте Мисирков”- Скопје и оваа година земаа активно учество во акцијата за одбележување на „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина” преку Министерството за образование и наука, како активен поддржувач и посредник во спроведувањето на истата.
Учениците од одделенска настава заедно со своите наставници активно изработуваа и презентираа литературни и ликовни творби и еколошки пораки, беа преземени активности за еколошко уредување на училниците, ѕидни изработки, плакати и истите ги поставија во училниците.
Учениците од предметна настава беа ангажирани во активности за еколошко уредување и засадување на садници во училишниот двор. Учениците-членови на еколошката секција Еко Ѕвонче засадија садници од јавор во училишниот двор и спроведоа акција за расчистување на биоразградливиот отпад за создавање на компост.
И учениците од подрачното училиште во с.Брњарци земаа учество во акцијата ,,Ден на дрвото – Засади ја својата иднина” уредувајќи катче со цртежи, пораки и творби како и чистење на училишниот двор.
Извештај
од заедничката посета на Крушево со ученици од
ООУ „Крсте Мисирков“, ООУ„25 Мај“ и ООУ „Дане Крапчев“
во Проектот „Градиме Мостови“
Нашата соработка со училиштата од Општината продолжува и оваа учебна година благодарение на Проектот „Градиме мостови“, поддржан од МОН, Мисијата на ОБСЕ и Швајцарската амбасада, кои финансираат заеднички активности меѓу ученици и наставници од различни етнички заедници.
Продолжуваме да ја градиме заедничката историја преку посети на места кои се значајни за сите кои ја сакаат Македонија. На 11 ноември реализиравме заедничка посета на Крушево, каде го посетивме Меморијалниот центар посветена на македонската легенда, Тоше Проески. На овој настан присуствуваа 51 ученик, по 17 од трите училишта: ООУ „Крсте Мисирков“, ООУ„25 Мај“ и ООУ „Дане Крапчев“ и 10 наставници, одговорни за ученичките заедници во споменатите училишта.
Патувавме, другарувавме и ги пеевме во еден глас песните на Тоше, кои не познаваат бариери и јазици.
Нашата следна дестинација е Тетово, а потоа и спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје.
Одговорни наставници:
Анита Ангеловска
Маја Виденовиќ
Мирјана Малјановска

Извештај од реализирана соработка со родители
Организирана посета на археолошкиот локалитет „Тумба Маџари“
Посетата на археолошкиот локалитет „Тумба Маџари“ се реализираше како воннаставна активност, согласно програмата за работа по предметот историја за шесто одделение, но и согласно програмата за вклучување на родителите во воспитно – образовниот процес.
Низ историјата и праисторијата не водеше кустосот Елена Канзурова, која на наједноставен начин ја објасни идејата за предисториската населба Тумба Маџари, која како археолошки локалитет нуди уметнички и естетски вредности на материјалната и духовната култура. Од 2008 год. на овој локалитет се создаваат услови за поголемо анимирање на јавноста преку научни, едукативни и туристички активности. Археолошкиот проект „Неолитско село“ е замислен со неколку едукативни содржини кои се реализирани на западниот дел на локалитетот, каде е потврдено отсуство на културни слоеви. Од 2008 год. до денес се изградени неколку куќи во духот на неолитската архитектура. Во нив преку копии е прикажан разен движен и недвижен инвентар со цел да се направи обид за реконструкција на дел од животот на неолитскиот човек кој живеел на територијата на Македонија и пошироко.
Идејата за реконструкција на неолитско село на локалитетот Тумба, Маџари има двојна цел – ревитализација на локалитетот и развивање на чувството за валоризирање и грижа за најстарите културни достигнувања на нашите предци во пошироката јавност.
За време на посетата, учениците и родителите имаа можност да поставуваат прашања, да ги допрат поставените експонати и да се фотографираат. Се поздравивме со договор за повторна средба во Археолошкиот музеј на Македонија.
Одговорен наставник
м-р Анита Ангеловска
Извештај од спроведена активност во
ООУ „Крсте Мисирков“ по повод одбележување на
16ти Октомври – Светски ден на здрава храна
На 16.10.2015 година во нашето училште се одбележа светскиот Ден на храната. Еко одборот во училиштето организира трибина на која беа поканети учениците, нивните родители и наставниците од училиштето. Целта на трибината беше едукација за значењето на здравата храна. Трибината започна со презентација на тема „Здрава храна “, подготвена од учениците , членови на Еко-одборот, а потоа зеде збор наставникот по биологија Лилјана Мердита која во своето излагање акцент стави на важноста на здравата храна и правилниот начин на нејзиното консумирање.
Свежото овошје и зеленчук се носители на нашето здравје. Се поголем број на деца во земјава се со вишок килограми. Дебелината станува глобален проблем. Епидемија на алергии, срцеви заболувања се показател за лошата исхрана. Нашето поднебје изобилува со овошје и зеленчук, нема оправдување за користење на храна која го загрозува нашето здравје – истакна наставникот Лилјана. Потоа следеше куса дискусија на темата здрава храна во која се вклучија присутните на трибината .
Да размислуваме за здравиот начин на исхрана, а на менито за јадење секогаш да бидат присутни природните, здравите и свежите продукти – беа зборовите со кои учениците ја завршија трибината и посегнаа по црвените зрнца од калинката.
Нека им е на здравје !

ООУ „ Крсте Мисирков“ по повод одбележување на
15 Октомври – Ден на пешаците
По повод одбележување на 15 Октомври – Ден на пешаците наставниците од Еко -одборот Анета Топалова, Валентина Мишевска, Анета Придаенкоска и Анета Чаковска во соработка со учениците од училиштето и нивните родители организираа Еко-парада. Учениците, наставниците и родителите тргнаа од ООУ „Крсте Мисирков“ и направија куса прошетка по локалната заедница, носејќи транспаренти. Движејки се низ улиците на населбата учениците со своите пораки имаа можност да ја покажат својата сообраќајна и еколошка култура, грижа за здравјето и животната средина. Учесниците во парадата беа поздравувани од случајните минувачи и учесниците во соообраќајот. Во парадата учествуваа и најмалите од училиштето. Сериозноста со која нашите најмали ученици им објаснуваа на минувачите за целта на еко-парадата мамеше насмевки на нивните лица. Навистина беше прекрасно чувството да се биде дел од еден ваков настан.
Одбележување на „Најголемиот глобален час“ со одделенска заедница на IX-1 одделение во ООУ„Крсте Мисирков“ Скопје
Со цел приклучување кон одржувањето на „Најголемиот глобален час“, со одделенската заедница на IX-1 одделение на 29.09.2015 година беше организирана двочасовна работилница на тема: „Образованието може да го смени светот“.
Учениците беа запознаени со Глобалните Цели за одржлив развој со цел да се поттикнат истите да станат генерација која ќе го промени светот. Им беше објаснето дека Глобалните цели се всушност збир од цели промовирани во септември 2015 година со цел искоренување на екстремната сиромаштија и справување со климатските промени. Една од глобалните цели е секој да има пристап до квалитетно образование. |
На почеток со учениците беше разгледано видеото кое претставува презентација на глобалните цели и беше поттикната дискусија во врска со овие цели и колку учениците ги разбираат истите и сметаат дека сите тие заедно може да придонесат за подобар живот.
Потоа со учениците поделени по групи се реализираше активност во која се идентификуваа карактеристиките на една образована личност и за одликите и карактеристиките на светот кога тој би бил полн со образовани луѓе. Секоја група ги презентираше своите размислувања пред останатите ученици и се иницираше дискусија на оваа тема.

На сајтот на www.worldmapper.com беа разгледани карти кои се однесуваа на образованието во светот од аспект на пристапот до образование во различни делови на светот (основно и средно образование), како и финансиите кои се издвојуваат за образование во разни држави. Учениците беа изненадени од фактот што во некои држави бројот на ученици кои не посетуваат училиште е многу голем (на глобално ниво во 2002, 5 од 6 деца се вклучени во основно образование, а само 60% од децата посетуваат средно образование). Учениците дискутираа на оваа тема, како и за придобивките од образованието за сите.
На крајот на активноста учениците беа поттикнати во групи да напишат писмо до политичар на локално или државно ниво со молба за поддршка за оваа Глобална цел. |
|
Учество на промотивен настан на Фондот Градиме Мостови
Дел од тимот ученици и наставници кои го реализираа проектот „Градиме заедничка историја“ во сабота на 03.10.2015 година во Градскиот Парк - Скопје присуствуваа на промотивен настан организиран од Фондот Градиме Мостови. Нашето училиште е едно од триесеттина училишта во државава кои годинава добија грантови за реализација на заеднички активности со партнерско училиште на друг наставен јазик. На настанот присуствуваше министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми заедно со амбасадорите на Швајцарија и Холандија, Стефано Лазарото и Вотер Пломп и заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ, Мариане Берец.
„Нашата земја е пример како треба да се е гради, негува и почитува мултиетичноста. Проектот „Градиме мостови“, реализиран од страна Министерството за образование и наука, ОБСЕ и Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија, придонесува уште повеќе во зацврстување на тој фундамент на нашето општество. Преку заедничките активности кои вклучуваат ученици од различни етнички заедници и различни наставни јазици, се зголемува меѓусебното разбирање и интеграцијата на децата во училишната средина“, истакна министерот Адеми.
Хепенингот беше со богата програма, проследена со настап на неколку музички поп ѕвезди, музички точки од ученици, кратки театарски настапи од училиштата и забавен акробатско циркуски настап.
Нашата соработка продолжува со нов грант во кој ќе се вклучи уште едно основно училиште од Општината.

Извештај за спроведените активности во ООУ„Крсте Мисирков“, Скопје како дел од проектот „Македонија без отпад“
Учениците од ООУ„Крсте Мисирков“, општина Гази Баба Скопје и оваа година земаа активно учество во акцијата за чистење на околината како дел од проектот „Македонија без отпад“ кој се имплементира од страна на Министерството за образование и наука а за кој подршка даваат голем број на владини ,невладени институции и Британската Амбасада во Скопје. Во училиштето беа организирани голем број на активности во насока на промовирање на проектот и збогатување на знаењата на учениците за одржување на почиста околина.
За развивање на свест и едукација кај 120 ученици од 3 -9 одделение наставниците и учениците од редот на членовите на Еко-одборот организираа и на 01.10.2015 година во два однапред договорени термини спроведоа едукативен час на тема „Отпад". Во текот на предавањето на учениците им беше презентирана и мобилната апликација за мапирање на отпад.
На 02.10.2015 година во рамките на училиштето се спроведоа активности во кои беа вклучени учениците од целото училиште.
Имено, 72 ученици од 1одделение активно учествуваа во дискусија на тема отпад поттикната од предавањата на одделенските наставници во прво одделение.
253 ученици од 2-5 одделение вклучувајќи ги и учениците од подрачното училиште во с.Брњарци изработуваа, ликовни творби, еколошки пораки, твореа на тема „Отпад“ и работеа врз уредување на ЕКО катчињата во училниците.
38 ученици од 6 одделение и 18 од осмо одделение пишуваа пораки и литературни творби на тема отпад на македонски и англиски јазик.
22 ученици од седмо одделение и 32 ученици од 9 одделение следеа предавање и учествуваа во дискусија на тема остатоци од воен отпад и можните последици
17 ученици од 6 одделение и 24 од седмо одделение во рамките на предметот математика го класифицираа училишниот отпад и податоците ги претставуваа графички.
27 ученици од 8 одделение во рамките на предметот хемија следеа презентација на тема рециклирање на отпадот
22 ученици од 8 одделение во рамките на предметот физика го мереа отпадот собран во училишниот двор.
29 ученици од 9 одделение твореа ликовни творби на тема „Отпад“.
Во текот на денот се спроведоа и воннаставни активности со учениците од Еко- патролата, Еко- секцијата учениците од ликовната и литераттурната секција. Во воннаставните активности беа вклучени и родителите на учениците.
20 ученици од ликовната секција и литературната секција зедоа учество во работилницата на тема „Отпад“ . Најуспешните творби беа поставени на Еко-паното.
10 ученици од Еко- патролата и 10 ученици од Еко-секцијата учествуваа во активноста собирање на отпад во предниот дел од училишниот двор.
10 ученици од Еко секцијата учествуваа во засадување на садници од цвеќиња во училишниот двор
Исто така во уредувањето на училишната зграда со цвеќиња се вклучи и техничкиот персонал.
Активностите продолжија и на 03.10.2015 година. Во овие активности беа вклучени 20 ученици од Еко-секцијата и 15 ученици од Еко-патролата. Тие ја продолжија активноста со засадување на нови садници, расчистување на училишниот двор и ги наводнуваа претходно посадените садници.
Но нашите активности не престануваат на 03.10.2015 година. Нашиот бунт против отпадот го продолжуваме во текот на месец октомври. Ја пополнивме пријавата за вклучување на нашето училиште во акцијата за собирање на стара хартија организирана од Ајде Македонија и Медиа Принт Македонија а под покровителство на Британската Амбасада. Искрено се надеваме дека ќе бидеме вклучени.

Извештај од спроведена активност „ Најголемиот глобален час “
Најголемиот глобален час е иницијатива во која децата од над 100 земји учат за новите цели за одржлив развој усвоени од страна на Генералното собрание на ОН на 25 септември.
УНИЦЕФ во соработка со Министерството за образование и наука ги покани наставниците во основните училишта да ги истражат важните глобални проблеми како што се човековите права, сиромаштијата и климатските промени на специјалниот Најголем глобален час.
Учениците од 5 одделение заедно со предметниот наставник Анета Топалова во рамките на предметот природни науки се вклучија во оваа иницијатива. На часот учениците го погледнаа анимираниот филм и се запознаа со вкупно 17 глобални цели со кои ќе се подобруваат трите најважни работи во наредните 15 години: Крај на сиромаштијата, Борба против нееднаквоста и неправдата, Климатски промените.. На часот се обработи понудената содржина „Чиста вода за сите“.
Со оддржувањето на овој час учениците почуствуваа дека навистина се дел од од она што се случува во светот но и дека тие се движечка сила за подобрување на работите во иднина.
Воедно со одржувањето на овој час праќаме порака дека и ние го делиме ставот со целиот свет кога се во прашање заложбите за градење на подобра планета и подобар живот.

ООУ„ КРСТЕ МИСИРКОВ“-Скопје
ИЗВЕШТАЈ
За одбележувањето на ДЕНОТ НА ЈАБОЛКОТО
На ден 28.09.2015 година се одбележа Денот на јаболкото, воедно и отворен Еко ден на училиштето. Со почеток во 11:30 часот беше организиран продажен штанд во училишниот летниковец со изработки од учениците и донирани јаболка. Штандот беше посетен од учениците од предметна и одделенска настава, родители, вработените во училиштето.
На тој начин учениците преку дружење и песна пренесоа пораки за здравиот начин на живот, под мотото: Едно јаболко на ден и ќе бидеш здрав како дрен.
На тој начин учениците преку дружење и песна пренесоа пораки за здравиот начин на живот, под мотото: Едно јаболко на ден и ќе бидеш здрав како дрен.
22 СЕПТЕМВРИ- ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ
По повод 22 Септември- Ден без автомобили, во нашето училиште беше организиран натпревар со велосипеди меѓу учениците од петто, шесто, седмо, осмо и деветто одделение.
Најдобрите ученици беа пофалени и наградени со диплома:
I место освоија учениците: - Ален Машовиќ од 6-3 одд., и Димитар Димитриевски од 9-1 одд.
II место освоија учениците: - Кристијан Димитриевски од 7-3 одд., Дамјан Митревски од 5-1 одд., и Кристина Ристовска од 6-3 одд.
III место освоија учениците: - Антонио Бошковски од 5-1 одд., и Каја Сладиновски од 7-3 одд.
Учениците од 7-3 одделение членови на еколошката секција Еко Ѕвонче, по повод Денот без автомобили, изработија флаери и ги поделија меѓу присутните родители и наставници кои го следеа натпреварот со велосипеди меѓу учениците од нашето училиште.

Извештај за првиот училишен ден од ООУ„Крсте Мисирков”- Скопје
за учебната 2015/2016 година
По повод Првиот училишен ден за нашите првачиња беше организиран свечен прием.
Денешниов ден за сите нас е свечен ден, со него започнува новата учебна година, а за учениците е најрадосен ден на кој ќе се сеќаваат секогаш.
Од денес нашето училиште Крсте Мисирков за сите ученици ќе биде втор дом, а наставничките ќе бидат втори мајки.
Среќен почеток ученици наши ...

Регионален и државен натпревар „Детски семафор 2015“
Во организација на РСБСП на 25.05.2015 година во ОУ„Војдан Чернодрински“ во Скопје се одржа регионален натпревар по сообраќај „Детски семафор 2015“. Екипата од нашето училиште беше составена од ученици од малата група: Кристина Ристовска од 5 одделение, Кристијан Димитриевски, Христијан Мијалески - Спасески и Каја Сладиновски од 6 одделение и голема група: Матеј Бошковски од 9 одделение и Миа Миленковска од 7 одделение. На натпреварот учениците настапија под реден број 6, каде што прво решаваа тестови од сообраќај а потоа вешто возење на велосипед на полигон. На натпреварот учениците освоија 2 место како екипа од Гази Баба. Ученичката Миа Миленковска од големата група - женски натпреварувачи освои 1 место на општина Гази Баба со што обезбеди учество на државниот натпревар.
Државниот натпревар се одржа на 30.05.2015 година исто во ОУ„Војдан Чернодрински“. Од нашето училиште учествуваше првопласираната на Регионалниот натпревар Миа Миленковска во состав со други ученици од општината како екипа од Гази Баба. Во натпреварувачкиот дел учениците прво решаваа тестови од сообраќај а потоа вешто возење на велосипед на полигон. На натпреварот ученичката го освои 11 место од големата група - женски натпреварувачи. Сите ученици беа среќни и задоволни од учеството на натпреварот, со желба и наредните години пак да учествуваат и да се дружат со своите другарчиња од другите училишта на нашата општина и воопшто од државата.
одговорен наставник: Виолета Миноска
Спроведени активности во ООУ„ Крсте Мисирков“ по повод одбележување на „Ден на дрвото“- проект „Садница плус“
Поставувајќи ја едукацијата на учениците на прво место нашето училиште се залага за балансиран и хармоничен развој на идните поколенија во здрава животна средина. Токму затоа ги подржуваме иницијативите кои ги потикнуваат учениците да се вклучат во проектни активности кои имаат едукативна и еколошка функција. Оваа година по повод одбележувањето на „Ден на дрвото“ добивме можност да се вклучиме во уште еден таков проект, насловен како „Садница плус“. Секоја паралелка од прво до oсмо одделение во нашето училиште доби семе од ела со упатство за засадување на семето и одгледување на садницата, како и за засадување на растението на отворен простор.Учениците од секоја паралелка го засадија семето заедно со своите наставници и изработија листа за следење на семето и растењето на елата. Во активноста беа вклучени и родителите на учениците. Исто така во рамките на секоја паралелка од редот на учениците се назначи одговорно лице кое ќе се грижи за растението за време на летниот распуст се до почетокот на учебната година кога растението ќе го врати повторно на училиште каде што учениците продолжуваат да го следат процесот на растење. Иако во фокусот на одбележувањето на денот на дрвото беше ставена оваа проектна активност, во нашето училиште се спроведоа и други активности на тема „Ден на дрвото“. Учениците со својата искреност и талент преку цртежи, изработки од рециклиран материјал и литератутни творби проговорија на тема „Ден на дрвото“. Дури и малите првачиња не заостануваа во креативните способности.
Како и секоја година и оваа година одбележувањето на денот на дрвото во нашето училиште беше повод учениците, наставниците и родителите да се дружат и соработуваат поради повисока заедничка цел- грижа и зачувување на шумите.
Извештај од учество на ООУ „Крсте Мисирков на манифестацијата „Денови на електротехниката“
Од 20-22 мај 2015 година во СЕТУГС „Михајло Пупин “- Скопје, по четврти пат се одржа манифестацијата „Денови на електротехниката“, која е посветена на младите вљубеници во природните науки. Во склоп на манифестацијата е и натпреварот по физика кој се реализира на темата „Електрични и магнетни појави“. На манифестацијата учествуваше и нашето училиште, преставено од 2 екипи од по тројца ученици, под менторство на наставникот по физика Анета Топалова. 1 екипа: Симона Димитриевска, Дамјан Ристевски и Ана Карајовановиќ; 2 екипа: Анастасија Трпковска, Бојан Симиќ и Ангела Стевковска. Во првиот дел од манифестацијата кој се реализираше на 20 мај секој ученик од екипата самостојно ги решаваше задачите добиени во писмена форма. Постигнатите резултати се рангираа на ниво на екипа,т.е на училиште. Нашето училиште не успеа да се пласира на првите три места и не учествуваше на финалниот квиз натпревар, кој се одржа на 22 мај.
Иако не се пласиравме во финалниот квиз натпревар сепак нашиот ентузијазам не спласнува. Развивањето на тимскиот дух, меѓусебното дружење, но и дружењето со учениците од 41 училиште од територијата на град Скопје за време на посетата на XЕЦ Козјак се приоритетите кои ги почуствувавме како учесници на манифестацијата.
Како учесници на манифестацијата од страна на организаторот и покровителите на манифестацијата ни беа доделени сертификати и пригодни награди, а за мене како ментор најголема награда ќе биде ако учениците својата иднина ја гледаат во физиката и техничките науки.
Наставник по физика:
Анета Топалова

Детски мини маратон
На 09.05.2015 година со почеток во 10ч. во општина Аеродром беше одржан детски мини маратон во кој учество земаа и учениците од V и VI одделение од нашето училиште предводени од наставникот по физичко и здравстевно образование Дарко Костовски и одделенската наставничка Тања Шипинкоска.
Одржувањето на Детскиот мини маратон овозможи уште една ослична соработки помеѓу учениците, наставник и родители. На лицата на децата можеше да се забележи среќа и радост, и особена гордост затоа што беа дел од овој настан во кој можеа да ги покажат своите физички способности, односно својата брзина обидувајќи се да постигнат најдобри резултати. Освен одличната соработка помеѓу децата, родителите и наставниците, овој детски мини маратон на учениците им овозможи и стекнување на нови пријателства.

Одбележување на „Светскиот ден за заштита на климата“
во ООУ„Крсте Мисирков“ - Скопје
По повод 15 мај „СВЕТСКИ ДЕН ЗА ЗАШТИТА НА КЛИМАТА“ во нашето училиште беше одржан отворен еко ден на кој присуствуваа ученици, родители на учениците и наставници. Отворениот еко ден беше уште една можност во нашето училиште да се интензивира функционирањето на триаголникот ученик -родител–наставник. Во рамките на отворениот еко ден учениците Јана Момировска и Мартин Андреевски под менторство на наставникот по географија Анета Чаковска ги запознаа присутните со климатските промени на атмосферата предизвикани од загадувањето на атмосферата, а наставникот по физика Анета Топалова одржа стручно предавање насловено како „Хаарп системот модификатор на времето или...“. Презентацијата на учениците и наставникот беше проследена со големо внимание и го привлече вниманието на родителите кои по презентацијата развија куса дискусија во рамките на која ги изнесоа своите размислувања за Хаарп системот и за воочените климатски промени. И во иднина ќе се трудиме од соработката на наставниците со учениците и родителите да произлезат идеи кои ќе бидата причина сите заедно да поминеме мигови на прекрасно дружење, но и да споделиме знаења.
Извештај од спроведена активност како дел од проектот: Заедничка грижа за правилно насочување на учениците
Јас имам многу цвеќиња - рече тој, - но поубави цвеќиња од децата нема.
(Оскар Вајлд)
Водени од мудрите зборови на Оскар Вајлд а со цел зајакнување на врската родител-ученик-наставник во нашата заедничка грижа за правилно насочување на учениците и во соогласност со наставната програма по предметот Иновации на 05.05.2015 година наставниците Валентина Мишевска и Анета Топалова, заедно со 20 ученици од 9 одделение и родители во рамките на проектот спроведоа активност. Местото на реализација на активноста го откриваат мислите:
Книгата е извор на сите мудрости .
Книгата има моќ да те пресели во својот свет.
Велат мислата нема крајна дестинација, но горе наведените мисли не понесоа на нашата крајна дестинација-Саем на книгата. Запловивме во светот на мислите, го почуствувавме мирисот на пишаниот збор напишан од перото на реномираните автори. Возбудливо беше да се гледаат нашите мали ангели како итаат од штанд на штанд, притоа не успевајќи да го скријат задоволството од пронајдената книга која би сакале да ја имаат во својата библиотека, но и тажно кога цената на таа книга ги надминува нивните можности. И нас наставниците и присутните родители пријатно не изненади љубовта на учениците кон книгата и нивното познавање на авторите и нивните дела.
Книгата е водич низ бурите и ветровите на животот, ризница од поуки. А таков водич им е потебен и на децата и на возрасните.
ИЗВЕШТАЈ ОД ОДРЖАНАТА АКТИВНОСТ ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „25 МАЈ“- КЛОН СОНЦЕ
ООУ “Крсте Мисирков“, и градинката “25 Мај“-клон Сонце имаат соработка и спроведуваат заеднички активности во рамките на Проектот интеграција на еколошката едукација во образованието. И во оваа учебна година активноста беше од подрачјето енергија, со цел подигање на свеста на учениците за значењето на електричната енергија и заштита од истата. Активноста се одржа на ден 08.05.2015 година и беше насловена како: „Патот на електричната енергија до нашите домови“. Во активноста беа вклучени учениците од V одделение при ООУ „Крсте Мисирков“ под менторство на Анета Топалова, одговорен наставник за подрачјето ЕНЕРГИЈА, Анета Придаенкоска претседател на Еко- одборот и вработените во градинката “25 Мај“-клон Сонце - членови на еко одборот.
Активноста започна со драматизација за формите на енергија прилагодена на возраста на децата од големата група во градинката, која ја подготвија учениците од V одделение. За патот на електричната енергија до нашите домови дечињата дознаа од подготвената анимација која на конструктивен начин им го долови патувањето на електричната енергија од местото на производство па се до нашите домови. Во текот на активноста голем акцент се стави на заштита од струен удар. Прикажаниот цртан филм и слајдовите го потикнаа размислувањето на децата за опасностите кои ги демнат при неправилното користење на спроводниците за пренос на електрична енергија и уредите кои работат на електрична енергија. Во овој дел од активоста им беа поделени работни листови - боенки на кои дечињата ги воочува и означуваа со боички опасностите. Крајот на оваа средба се заокружи со прекрасниот танц на нашите мали еко -другарчиња од градинката.
Довидување наши мали еко пријателчиња. Довидување до следната средба. А дотогаш вашите топли насмевки ќе патуваат до нас како што патуваат елетрончињата по градската мрежа.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 22 РИ АПРИЛ „СВЕТСКИ ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“
ВО ООУ„КРСТЕ МИСИРКОВ“ СКОПЈЕ
По повод 22 ри април „СВЕТСКИ ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“ во нашето училиште, учениците од одделенска и предметна настава заедно со учениците-членови на еколошката секција Еко Ѕвонче и нивните родители, во улога на организатори на денешната акција и директни учесници во истата, вредно ги завршија поставените задачи. Учениците беа организирани во тимови во кои секој учесник зема активно учество во реализација на акцијата. Првиот тим од предметна настава изработија дрво од отпадни материјали закитувајќи го со еко пораки и негово поставување во училишниот хол. Вториот тим од предметна настава декорираа саксии и засадуваа цвеќиња. Третиот тим од предметна настава рециклираа стара гума од автомовил. Еколошката секција подготви презентација која беше презентирана на учениците како и поделба на флаери. Во оваа акција не изостанаа и вредните рачиња на учениците од одделенска настава во времето предвидено за креативни активности заедно со своите родители неуморно твореа, литературни и ликовни творби на тема: 22 ри април „СВЕТСКИ ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“. Благодарение на нивната фантазија, креативност и желба да се даде придонес во акцијата, работилницата во која тие твореа се претвори во еден волшебен свет, свет во кој само детската фантазија и креативност може да го изгради.
Извештај од учество на учениците од ООУ„Крсте Мисирков“-Скопје на спортска манифестација „Игри без граници“
На 18.04.2015 година на стадионот Борис Трајковски беше одржана спортста манифестација „Игри без граници“ организирана од општина Гази Баба и фудбалскиот клуб ФК.Маџари-Солидарност.
На оваа спортска манифестација учество земаа учениците од III, IV, V одделение заедно со своите родители каде ги покажаа своите спортски вештини преку изведување на вежби за загревање, елементарни игри и фудбалски натпревари помеѓу учениците од основните училишта во општина Гази Баба.

Извештај од Велигденски продажен хепенинг во
ООУ„Крсте Мисирков“-Скопје
Како и секоја година така и оваа во нашето училиште се одржа традиционалниот Велигденски продажен хепенинг на 08.04.2015 година со почеток во 17:30 ч.
Учениците заедно со своите родители и вработените во училиштето изработија најразновидни изработки со велигденски мотиви. На Велигденскиот продажен хепенинг секое оддделение имаше посебен штанд каде беа изложени нивните изработки, а посетителите на тој начин имаа можност да си купат изработки кои беа изработени од нашите ученици.
Извештај од проектот за Меѓуетничка интеграција
Во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција,на ден 02.04.2015год. е реализирана планирана активност:Литературно творење на тема„21 Март-денот на пролетта“помеѓу партнерските училишта ООУ„Крсте Мисирков“и ОУ„25 Мај“Скопје.
Активноста е реализирана во кабинетот по македонски јазик во ООУ„Крсте Мисирков“со вкупно 32 ученика од кои 20 од македонска и 12 од албанската националност.
Учениците напишаа прекрасни стихови за пролетта на албански и македонски јазик. Се работеше во добра работна атмосфера исто така соработката помеѓу учениците учениците беше на високо ниво.
Учениците работеа по инструкциите на своите предметни наставници по македонски и
абански јазик: Благица Ристивојевиќ, Мирјана Малјановска, Слаѓана Николовска, Рефик Гани и Анета Цаневска .Направија прекрасни паноа со своите творби,кои ќе ги красат холовите на двете училишта.
Извештај за реализација на Проект „Градиме заедничка историја“
ООУ “Крсте Мисирков“, на македонски наставен јазик, и ООУ “25 Мај“, на албански наставен јазик, имаат долгогодишна соработка и спроведуваат заеднички активности кои ја подобруваат меѓуетничката интеграција. Училиштата се фокусирани кон интеркултурна и интеретничка соработка и имаат планирано низа на активности насочени кон подигањето на свеста на учениците и нивно охрабрување во истата насока. Од досегашната комуникација меѓу учениците, наставниците и родителите произлезе и идејата да се направи проект насловен „Градиме заедничка историја“, кој подразбира посета на музеи и институции кои се занимаваат со презентација на историските и културните придобивки на двата народа во минатото. Со оглед на важноста на демократската партиципација на учениците, во Проектот се вклучени ученици од ученичките тела од двете училишта (Училишната заедница), од каде што и буквално произлезе идејата.
Во планираниот сет на активности се вклучени следните активности:
1. Работилници за мултикултурно учење и меѓуетничка соработка за учениците од двете училишта.
2. Заедничка посета на Музејот на Македонската борба и Музејот на Старата скопска чаршија
3. Заедничка посета на Музејот на албанската азбука - Битола
4. Организирање на follow up - продолжување на овие активности во секое училиште посебно и промоција на проектот во Општината.
Фондот „Градиме мостови“, како заеднички проект на Министерството за образование и наука, Амбасадата на Швајцарија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ја поддржува нашата соработка со материјали за работилниците, превоз за учениците и опрема за изработка на електронски сведоштва. За време на реализацијата на четвртата заедничка работилница, 30.03.2015, претставници од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ни подарија Лап Топ и ЛЦД, а директорите на двете училишта потпишаа меморандум за соработка, кој е потпишан и од Градоначалникот на Општина „Гази Баба“.
По реализацијата на работилниците, Проектот продолжува надвор од училиште, во посета на музеите кои сведочат за заедничкото минато, а потоа и кон изготвување на промотивен материјал кој ќе го споделиме со јавноста.

Извештај за за одбележување на Денот на шегата 1ви април во ООУ„Крсте Мисирков“-Скопје
По
повод Денот на шегата 1 ви април во нашето училиште учениците од одделенска и
предметна настава изработија многубројни маски со различна тематика и истите
самостојно ги презентираа пред трочленото жири. Со тоа беше организирано богато
дефиле кое дополнително го разубавуваа насмевките на маскираните лица на
учениците. Маските главно беа лични изработки од учениците, секако со помош на
нивните родители кои максимално се вложија како во изработката и подготовките,
така и во поддршката во улога на публика.
На крајот од двете дефилеа беа избрани по три најуспешни индивидуални и групни маски и истите од училиштето добија дипломи и пофалници.
На крајот од двете дефилеа беа избрани по три најуспешни индивидуални и групни маски и истите од училиштето добија дипломи и пофалници.
Извештај од спроведена активност како дел од проектот : Заедничка грижа за правилно насочување на учениците – IX 2 одд
На 19.03.2015 – четврток беше изведена активност - посета на Археолошки музеј на Македонија. Во оваа активност беа вклучени учениците од IX 2 одд. заедно со одделенскиот раководител Оливера Костадиноска и родители на учениците. Сите заедно, внимателно ја следеа презентацијата на кустосот во музејот и беа воодушевени од археолошките поставки и од она што го слушнаа и научија за време на посетата. Учениците, родителите и одделенскиот наставник поминаа мигови на прекрасно дружење и сите се согласија дека во иднина ќе изведат и други заеднички средби со цел да се зајакне соработката на наставниците со учениците и родителите
Извештај од спроведените активности за реализација на проектот
„Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“
во ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје за учебната 2014/ 2015 година (31.03.2015)
Продолжувајќи ја традицијата, нашето училиште и ова тромесечие продолжи со реализирање на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ поддржуван од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.
Како и претходното тромесечие, така и ова, активностите од проектот се реализираа со особен интерес и успех од страна на родителите, наставниците и учениците.
При реализирањето на сите активности, наставниците, учениците и родителите дојдоа до истата цел на овој проект, а тоа е зајакнување на врската „родител – ученик – наставник“, со што по подолго време во образовниот систем дојде до вплотување и зајкнување на воспитната компонента во воспитно – образовниот систем во основното образование.
По предлог на задолжителните активности од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието во нашето училиште беа организирани следните активности:

- По повод 21 Март, Денот на пролетта и екологијата наставниците како и учениците од еколошката секција Еко Ѕвонче и другите ученици како и нивните родители, заедно со стручната служба и директорот на училиштето, преземаа Еко акција со цел чистење и разубавување на училишниот двор. Од стари гуми, пластични отпадоци, со малку боја, многу желба и љубов, се воведоа во чудниот свет на Рециклирањето. Учениците заедно со родителите и наставниците, се дружеа и уживаа во оваа несекојдневна активност. Пројавија интерес во иднина пак да се организира ваква активност со зголемен број на ученици и родители. Мотото на оваа акција беше: „Ајде сите да рециклираме, од старо ново да правиме, природата да ја славиме“. Активноста се одвиваше во пријатна, релаксирана работна атмосфера во текот на која беа посадени донираните цвеќиња од родителите и учениците. По кусо време вредните рачиња на учениците создадоа мала цветна градина.
- Наставникот по македонски јазик, во рамките на својот предмет организираше литературно читање на тема „8ми Март“ заедно со учениците од осмо одделение и нивните родители, кои ги читаа своите творби. Активноста помина во пријатна атмосфера.
- Исто така беше организирана работилница како отворен час, со Советник од Општината Гази Баба заедно со родители. Тема на дискусијата беше работењето на Советот и Советниците во Општината. Гостите на работилницата дискутираа и произнесуваа свои мислења. Учениците ги кажуваа своите желби, што би сакале да има во нивната Општина – пр. велосипедска патека. Работевме во групи и за тоа секоја група изработи свој плакат.
- Учениците од паралелките четврто одделение, нивните родители и одделенските наставници одржаа заедничка активност во рамките на училиштето. Средбата беше од спортско –рекреативен тип со играње Зумба-танц. Учениците во текот на играта ја покажаа својата цел, соработуваа, беа одговорни, ги почитуваа дадените насоки за изведување на вежбата и се радуваа на успехот како и нивните родители.
- Наставниците по предметот иновации на 20. 03. 2015 год. одржаа заедничка активност со учениците од парлелките IX 1,2,3,4 и нивните родители. Активноста се одвиваше во просторот на производствената фирма за печиво „Десетка“ во сопственост на родител на еден од учениците. Целта на средбата беше интензивирање на соработка на релација наставник-ученик- родител, проширување на знаењата на учениците за одвивање на производствениот процес како и потикнување кај учениците и родителите љубопитност, желба за откривање ново, но и развивање на интерес за бизнис. Учениците и родителите имаа подготвено прашања со кои ги интервјуираа вработените, собираа податоци и беа активно вклучени во сите фази на планирање на посетата.
- Одделенските раководители на активот од шестто одделение како и учениците од ООУ” Крсте Мисирков” и нивните родители имаа можност да гледаат претстава во ОУ “Дане Крапчев” на којашто претстава учествуваа 12 ученици од ООУ “Крсте Мисирков” што се одржа по повод Денот на франкофонијата 20март. Темата беше поврзана со екологија: „садиме зелки во нашиот двор“. Родителите покрај што учествуваа на претставата како публика исто така и активно учествуваа во подготовка на настапот: шиење на сукњи, изработка на венчиња од зелени цветови и кореографија на сцена. Родителите и учениците беа задоволни од дружењето како и наставниците.
- На 18.03.2015 г.( среда) се одржа заедничка активност со учениците од паралелките III-1 и III–2, нивните родители и одделенските наставници. Средбата беше од спортско –рекреативен тип. Беа формирани тимови, составени од родители, ученици и наставници. Учениците во текот на играта ја покажаа својата заедничка цел, соработуваа, беа одговорни, го почитуваа другарчето и се радуваа на успехот, а со нив и нивните родители.
- Беше реализирана и работилница со родители со цел инволвирање на родителите во безбедното користење на Интерентот од страна на нивните деца. Присутните родители земаа активно учество во дискусиите кои се однесуваа на предностите кои ги нуди Интернетот, но и можните опасности кои постојат, како и начините за нивно надминување. Заедно со родителите беше разгледан и видео запис за конкретна злоупотреба на Интернетот кој побуди исто така голема дискусија. Крајниот заклучок беше дека родителите често разговараат со своите деца за начинот на користење на Интернет, како да се однесуваат и како да се заштитат онлајн.
Проект на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието
„Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“
На ден 20.03.2015 година се одржа заедничка активност со учениците од парлелките IX 1,2,3,4 и нивните родители и наставниците по предметот иновација Анета Топалова и Валентина Мишевска. Активноста се одвиваше во просторот на производствената фирма за печиво „Десетка“ во сопственост на родител на еден од учениците. Производствената фирма е лоцирана во непосредна близина на училиштето.
Целта на средбата беше интензивирање на соработка на релација наставник-ученик- родител, проширување на знаењата на учениците за одвивање на производствениот процес како и потикнување кај учениците и родителите радозналост, желба за откривање ново но и развивање на интерес за бизнис. Учениците и родителите имаа подготвено прашања со кои ги интервјуираа вработените, собираа податоци и беа активно вклучени во сите фази на планирање на посетата.
Освен што научивме како функционира производството и маркетингот воедно и ја осознавме улогата на бизнисот во обезбедувањето на работа. Во „Десетка“ наидовме на искрена и професионална соработка, но и на квалитетни производи. Наставниците ги поканија сопствениците на фирмата да гостуваат во училиштето со цел низ разговор со учениците да бидат разгледани резулататите на учење кои произлегоа од средбата.
Целта на средбата беше интензивирање на соработка на релација наставник-ученик- родител, проширување на знаењата на учениците за одвивање на производствениот процес како и потикнување кај учениците и родителите радозналост, желба за откривање ново но и развивање на интерес за бизнис. Учениците и родителите имаа подготвено прашања со кои ги интервјуираа вработените, собираа податоци и беа активно вклучени во сите фази на планирање на посетата.
Освен што научивме како функционира производството и маркетингот воедно и ја осознавме улогата на бизнисот во обезбедувањето на работа. Во „Десетка“ наидовме на искрена и професионална соработка, но и на квалитетни производи. Наставниците ги поканија сопствениците на фирмата да гостуваат во училиштето со цел низ разговор со учениците да бидат разгледани резулататите на учење кои произлегоа од средбата.
Проект на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието
„Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“
На ден 18.03.2015 година со цел зајакнување на врската родител-ученик-наставник, наставниците од активот на петто одделение заедно со наставникот по природни науки Анета Топалова организираа активност „Во пресрет на пролетта“. Во активноста беа вклучени учениците од петто одделение и нивните родители. Активноста се одвиваше во пријатна, релаксирана работна атмосфера во текот на која беа посадени донираните цвеќиња од родителите и учениците. По кусо време вредните рачиња на петооделенците создадоа мала цветна градина.
Ние уживавме во активноста а на сите ученици и вработени во училиштето им пожелуваме да уживаат во малата цветна градина и мирисот на пролетта.
Ние уживавме во активноста а на сите ученици и вработени во училиштето им пожелуваме да уживаат во малата цветна градина и мирисот на пролетта.
Одбележување на ДЕНОВИ НА ПРОЛЕТТА- ДЕНОВИ НА ЕКОЛОГИЈАТА
По повод 21 Март, Денот на пролетта и екологијата во нашето училиште беа спроведени неколку активности. Учениците од предметна настава заедно со учениците-членови на еколошката секција Еко Ѕвонче, во улога на организатори на денешната акција и директни учесници во истата, вредно ги завршија поставените задачи. Учениците беа организирани во тимови во кои секој учесник зема активно учество во реализација на акцијата. Првиот тим неуморно работеше во собирање на сета хартија од училиштето, која потоа беше спакувана во картонски кутии спремна за рециклирање. Вториот тим го исчисти училишниот двор од отпадоци и се погрижи за собирање на лисјата и нивна понатамошна употреба во процесот на компостирање. Третиот тим засадија садници со цвеќе во училишниот двор донирани по желба на учениците и ги исчистија и освежија со цвеќе жардињерите во училишниот хол. Во оваа акција не изостанаа и вредните рачиња на учениците од одделенска настава во времето предвидено за креативни активности неуморно твореа, литературни и ликовни творби на тема: Пролетта во мојот крај. Благодарение на нивната фантазија, креативност и желба да се даде придонес во акцијата, работилницата во која тие твореа се претвори во еден волшебен свет, свет во кој само детската фантазија и креативност може да го изгради.
Извештај од воннаставни активности- наставник, ученик, родител
По повод 21 Март Денот на пролетта и екологијата, учениците од еколошката секција Еко Ѕвонче, заедно со учениците од 6-2 одделение и нивните родители со наставниците Валентина Мишевска и Анета Чаковска, преземаа Еко акција со цел чистење и разубавување на училишниот двор.
Од стари гуми, пластични отпадоци, со малку боја, многу желба и љубов, се обидовме да ве воведеме во чудниот свет на Рециклирањето.
Учениците заедно со родителите и наставниците, се дружеа и уживаа во оваа несекојдневна активност. Пројавија интерес во иднина пак да организираме ваква активност со зголемен број на ученици и родители. Нашето мото на денешната акција беше: „Ајде сите да рециклираме, од старо ново да правиме, природата да ја славиме“.
Извештај од литературно читање по повод 8ми Март
Извештај од литературно читање по повод 8ми Март во рамките на проектот на МОН- Интезивирање на воннаставни активности- наставник, ученик, родител, одржана на 06.03.2015 година, во кабинетот по македонски јазик во ООУ „Крсте Мисирков“, од предметниот наставник Слаѓана Николовска.
Активноста помина во пријатна атмосфера. Во неа учествуваа учениците од осмите одделенија и нивните родители. Учениците ги читаа своите творби и беа многу задоволни. Пројавија интерес во иднина пак да организираме ваква активност.
Проект на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието
„Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“
ИЗВЕШТАЈ
На 18.03.2015 г.( среда) се одржа заедничка активност со учениците од паралелките III-1 и III – 2, нивните родители и одделенските наставници Лилјана Стојковска и Лидија Димитриевска.
Средбата беше од спортско –рекреативен тип. Ја игравме традиционалната игра Народна.
Формиравме мешани тимови, составени од родители, ученици и наставници. Ги повторивме правилата на играта и почитување на истите. Учениците во текот на играта ја покажаа својата заедничка цел, соработуваа, беа одговорни, го почитуваа другарчето и се радуваа на успехот.

ИЗВЕШТАЈ ОД РЕАЛИЗИРАНА АКТИВНОСТ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ“
Во рамките на проектот Меѓуетничка интеграција наставникот по природни науки Анета Топалова од ОУ „Крсте Мисирков“ оствари средба со наставникот по природни науки Медина од ОУ „25 Мај“. Средбата се оствари во ОУ „Крсте Мисирков“ и на неа присуствуваа 24 ученици од двете училишта од мешан полов и етнички состав. Во соогласност со наставниот план и програма по природни науки во чии состав влегува наставната содржина „Ориентација на површината на Земјата“, учениците од 5 одд. од двете училишта ги презентираа своите сознанија за орентација во просторот според верските обележја.
Во завршниот дел од активноста учениците ги применуваа стекнатите знаења пополнувајки го работниот лист „Орентација во просторот“. На средбата учениците уживаа во пријатна работна атмосфера и едногласно заклучија дека иако денес благодарение на развојот на техниката постојат многу направи кои ни помагаат да се ориентираме во просторот, но сепак техниката понекогаш може да затаи и тогаш сознанијата за орентација во просторот според верските обележја би ни биле од голема помош. Тие не затајуваат, биле и ќе бидат тука на овие простори како неми сведоци за нашето заедничко постоење и ќе ни помогнат да се ориентираме не само во просторот туку и во нашиот заеднички соживот.
Наставник: Анета Топалова

ИЗВЕШТАЈ ОД РЕАЛИЗИРАНАТА ОБУКА ЗА
„ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ“
Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Скопје, Гази Баба, а во неговиот состав и подрачното училиште во с. Брњарци, во согласност со Законот за заштита и спасување заради заштита и спасување на луѓето и материјалните добра во сразмерност на загрозеноста и бројот на вработени и ученици во училиштето има формирано просторни сили за заштита и спасување (штаб и единица).
На ден 05.03.2015 година во просториите на централното училиште беше одржана обука од страна на стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување на која што присуствуваа вработени од ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје. На обуката со Одлука од директорот беше формирана Универзална Единица за Заштита и Спасување во рамките на училиштето.

ИЗРАБОТКА НА МАРТИНКИ
Среќна Баба Марта се празнува секоја година на 01.03. прославувајќи ги во исто време доаѓањето на пролетта и древната традиција на изработката, дарување и носење на мартинки.
Изработката и поклонувањето мартинки на најблиските е традиција која во Република Македонија се почитува со стотици години. На овој ден карактеристични црвени и бели висулци, топчиња и исплетени бразлетни познати како мартинки се разменуваат или се поклонуваат на најблиските, и се носат закачени на облеката или врзани од зглобот на раката.
Постојат различни обичаи при традиционалното подарување на една мартинка. Вообичаено, таа секогаш е со конци од црвена и бела боја меѓусебно испреплетени или исплетени, од кои црвената ја симболизира боја на крвта, а белата на чистотата. Се подарува на 1-ви Март во чест на Баба Марта и се носи околу рака или закачена на облеката се додека расцвета првото дрво. Потоа се закачува на него со желби за сопственото и за добро здравје на своите блиски во тековната година.
По тој повод учениците од ОУ„Крсте Мисирков“ подаруваа мартинки кои самите ги изработија во училиштето и го најавија доаѓањето на месецот март.

Учениците од ООУ„Крсте
Мисирков“-Скопје, повторно ја
покажуваат на дело својата хуманост кога највеќе е потребно
Во хуманоста се гледа големината на човекот. Да го послушаме своето срце и да бидеме хумани, да им помогнеме на жителите на поплавените региони во нашата земја, порачаа учениците од ООУ„Крсте Мисирков“-Скопје.
Тие заедно со своите родители, наставници и вработени ја збогатија оваа хуманитарна акција со донациија на ВОДА и СРЕДСТВА 3А ЛИЧНА ХИГИЕНА.
Тие заедно со своите родители, наставници и вработени ја збогатија оваа хуманитарна акција со донациија на ВОДА и СРЕДСТВА 3А ЛИЧНА ХИГИЕНА.
Одбележан Светскиот ден за безбеден Интернет
На 10.02.2015 година во ООУ „Крсте Мисирков“, Скопје се организираа повеќе активности за вклучување на училиштето во акцијата за одбележување на Светскиот ден за безбеден Интернет кој оваа година се спроведуваше под мотото: Ајде заедно да креираме подобар Интернет. Беа реализирани голем број на активности кои имаа за цел запознавање на учениците, наставниците и родителите со придобивките од користењето на Интернетот, како и потенцијалните ризици, а истовремено и им беа понудени и совети за минимизирање на овие ризици. Конкретно беше дискутирано многу за тоа како треба да се однесуваме кога сме на Интернет, што може да очекуваме од другите, но и како да се заштитиме од евентуалните опасности.
Активностите беа реализирани од страна на учениците кои се членови на информатичката секција во училиштето, под менторство на наставникот по информатика - Маја Виденовиќ. Како почетна активност беше спроведена поделба на брошури за ученици и наставници при што беше дискутирано за тоа што може секој од нас да направи за да може да се чувствуваме побезбедни на Интернет.
Со учениците од VI одделение беа реализирани повеќе работилници за етичко користење на Интернетот, квиз - „Каков онлајн пријател си ти“, а беа разгледувани и содржините на сајтот Безбедно на Интернет - www.crisp.org.mk. Учениците поставуваа свои правила за однесување на Интернет и слободно може да се каже дека сите овие активности допринесоа за подигање на свеста кај учениците, а се направија и почетните чекори за понатамошно надградување на нивните сознанија кога станува збор за безбедното користење на Интернетот. Интересот на учениците беше огромен, активно се вклучуваа во различни дискусии и сите заеднички изготвија Кодекс за однесување на Интернет.
|
|
|
Беше реализирана и работилница со родители со цел инволвирање на родителите во безбедното користење на Интерентот од страна на нивните деца. Присутните родители земаа активно учество во дискусиите кои се однесуваа на предностите кои ги нуди Интернетот, но и можните опасности кои постојат, како и начините за нивно надминување. Заедно со родителите беше разгледан и видео запис за конкретна злоупотреба на Интернетот кој побуди исто така голема дискусија.
Крајниот заклучок беше дека родителите често разговараат со своите деца за начинот на користење на Интернет, како да се однесуваат и како да се заштитат онлајн. |
ООУ„Крсте Мисирков“-Скопје
Извештај од спроведена 3Д презентација за Рециклирање од страна на ПАКОМАК
На
ден 30.01.2015 и 02.02.2015 година
учениците од прво до петто одделенија проследија 3Д презентација за Рециклирање од страна на
ПАКОМАК.
Учениците од централното и подрачното училиште ООУ„Крсте Мисирков“-Скопје ја проследија презентацијата во автобус на ПАКОМАК со цел да се поттикне еколошката свест кај учениците за селектирање на отпадот како и продолжување на досегашната соработката со истите.

Извештај од спроведените активности за реализација на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“во ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје за учебната 2014/ 2015 година
Во оваа учебна нашето училиште започна со реализација на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“. Проектот беше срдечно прифатен од сите наставници во училиштето при што во првото полугодие од учебната 2014/ 2015 година се реализираа голем број на активности посветени на истото.
При реализирањето на сите активности, наставниците, учениците и родителите дојдоа до истата цел на овој проект, а тоа е зајакнување на врската „родител – ученик – наставник“, со што по подолго време во образовниот систем дојде до вплотување и зајкнување на воспитната компонента во воспитно – образовниот систем во основното образование.
По предлог на задолжителните активности од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието во нашето училиште беа организирани следните активности:
· Одделенскиот наставник од 3-1 одд. одржа заедничка активност „родителот е предавач“ при што родители по професии адвокат, готвач и медицинска сестра и др. ги презентираа своите професии пред учениците и други родители.
· Родителите, учениците и наставничката од 2-2 одд. во пресрет на новогодишните празници заеднички изработуваа украси за декорирање на училницата.
· Наставникот по македонски јазик, во рамките на својот предмет организираше литературно читање на тема „Новогодишни желби“ заедно со учениците од осмо одделение и нивните родители, кои ги читаа своите творби.
· Предметниот наставник по македонски јазик заедно со нејзините ученици и нивните родители одржа креативна работилница за изработка на новогодишни честитки кои беа наменети за продажба на Новогодишниот базар во училиштето.
· Креативна работилница со своите ученици и родителите по повод новогодишните празници одржа и наставникот по техничко образование на која што се изработуваа новогодишни украси и венци за украсување на училницата.
· Одделенскиот наставник од 3-2 одд. во согласност со наставниот план и програма за трето одделение во чиј состав влегува и наставната содржина,,, Професии, занимања'' по предметот општество, родителите ја презентираа својата професија и на тој начин се вкрсти триаголникот родител- ученик- наставник.
· Предметниот наставник по македонски јазик одржа заедничка активност со родителите од паралелката 9-4, односно заедничка изработка на новогодишни украси кои учениците од паралелката ги продаваа на Новогодишниот базар, а сето тоа допринесе за зајакнување на непрекинливата врска наставник-ученик-родител како предуслов за успешен воспитно образовен процес.
· Во пресрет на продажниот хепенинг кој се организираше по повод Нова Година, родителите, учениците и класниот раководител на IX-3 одделение, реализираа заедничка работилница за изработка на икебани со што се зацврстија односите во триаголникот ученик –наставник – родител. Средбата беше срдечна, пријатна, спонтана и многу продуктивна, на задоволство на сите присутни.
· Активот на петто одделение организираше креативна работилница на која што во присуство на родителите и учениците беа изработени новогодишни украси и декорации за новогодишната елка и училницата. Соработката се одвиваше беспрекорно со изработување на многу украси од материјали кои што родителите самите си ги набавија.
Наставниците заедно со учениците и родителите од прво одделение можат да се пофалат неколку остварени соработки меѓу кои: изработка на новогодишни украси за украсување на училниците како и за продажба на Новогодишниот базар во училиштето, присуство на театарската претстава „Распеана турлитава“ како и многубројни ангажирања во рамките на одржување на наставата.
„Родител- предавач“ е една од активностите која што ја спроведе наставничката по информатика. Односно родител вработен во Сообраќајна полиција им одржа предавање на учениците на тема „Безбедност во сообраќајот“. Исто така заеднички, родителите, учениците и наставничката ја украсуваа училницата со изработување на разни украси, па така соработката помеѓу родителите, наставничката и учениците се одржува континуаирано.
· Соработката „Родител- предавач“ беше организаирана и од страна на одделенскиот наставник од 3-3 одд. со што неколку родители од различни професии одржаа презентации на своите професии. На оваа средба присуствуваа сите родители и секако учениците.
· Наставничката по музичко образование Фросина Цветкова Муратовска во просториите на училиштето одржа концерт на кој што учествуваа учениците од осмо одделение, нивните родители и наставниците. Концертот беше проследен со богат репертоар на кој следеше громогласен аплауз.
И на ниво на училиште беа организирани неколку случувања на кои што се реализираше соработката со родителите поддржувајќи го проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“.
· Една од нив беше и одржувањето на театарската претстава „Распеана турлитава“. На претставата присустуваа и дел од родителите вклучувајќи се во проектот што дополнително и даде свој печат на оваа претстава и заедничко уживање во прекрасната сценографија.
· ООУ „Крсте Мисирков“ го одбележа денот на раѓањето на Крсте Петков Мисирков. Учениците се претставија пред присутните гости со пригодна програма, со хорот, рецитали, ритмички точки, фолклор и драматизација. Во подготовките за приредбата активно учествуваа наставниците, родителите и учениците.
Родителите имаа можност да се дружат со наставниците и учениците и на Новогодишниот Базар каде што беа изложени многубројни изработки сработени од вредните раце како од учениците така и од родителите. Прекрасна беше глетката кон штандовите кои што со својата разнобојност и креативност ги примамуваа сите погледи. Насмеаните лица на сите присутни дополнително ширеа позитивна енергија а со тоа и врската помеѓу родителите, учениците и наставниците уште повеќе се зајакна.

Извештај од изведена соработка со родители
По повод проектот на МОН - Интензивирање на воннаставни активности: наставник, ученик, родител, се изведе креативна работилница во кабинетот по техничко образование на ден 22. 12. 2014 година. По повод новогодишните празници во соработка со родителите и учениците од 7одделение, како и одделенскиот раководител на паралелката се изработуваа венци и украси за Нова година. Средбата помина во пријатна и забавна атмосфера, со цел и понатаму да се изведат вакви и слични средби. преметен наставник: Виолета Миноска |
|
Извештај од изведена соработка со родители
На ден 17.12.2014 беше остварена средба со родителите на учениците од 3-3 одделение. Во овој проект беа вклучени и присутни сите родители на учениците како и самите ученици.
Во согласност со наставниот план и програма за 3 одделение во чиј состав влегува и наставната содржина,,, Професии, занимања'' по предметот општество, родителите ја презентираа својата професија. На тој начин учениците ги проширија знаењата за видовите професии,задачите,униформите... Родителите се претставија со неколку професии: Фризерка –работа во салон за жени, за средување на коса; Шнајдер изработка на специјализирана облека –одела, водоотпорна пластифицирана за посебни намени Градежен работник.-работник на објекти згради и сл |
Одделенски наставник Мимоза Црвенова
Извештај од изведена соработка со родители
На ден 17.12.2014 беше остварена средба со родителите на учениците од 3-2 одделение. Во овој проект беа вклучени и присутни сите родители на учениците како и самите ученици.
Во согласност со наставниот план и програма за 3 одделение во чиј состав влегува и наставната содржина,,, Професии, занимања'' по предметот општество, родителите ја презентираа својата професија. На тој начин учениците ги проширија знаењата за видовите професии,задачите,униформите...
Родителите се претставија со неколку професии: административен асистент, производител на чоколади-Европа, кувар, сметководител во призводство на фирма за сокови, медицинска сестра.

.
Одделенски наставник Лидија Димитриевска
Проект на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието
„Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“
ИЗВЕШТАЈ
На 19.12.2014 г.( петок) се одржа заедничка активност на родителите од паралелката III-1 и учениците од паралелката . На средбата некои од родителите ја имаа улогата на предавачи, а останатите имаа улога на слушатели. Тие зборуваа за својата професија. Родители-предавачи беа Хајди Штејрова Симоновиќ (адвокатка), Елизабета Саздова (готвачка во градинка) и Наташа Георгиева (медицинска сестра на детска стоматологија).
Секој родител „предавач“ нè запозна со својата професија, образованието што го имаат завршено за да се вработат, откако ќе се вработат, какви средства користат во својата работа, дали носат униформа, каде ја извршуваат својата работа(канцеларија, ординација) и др.
Хајди Штејрова Симоновиќ (адвокатка)
Наташа Георгиева - медицинска сестра на детска стоматологија
Саздова Елизабета - готавчка во градинка
Учениците беа љубопитни и поставуваа прашања.
Одделенски наставник - Лилјана Стојковска
Одделенски наставник - Лилјана Стојковска
Извештај од проектот на воннаставни активности:
„Наставник,ученик,родител“
Извештај од литературно читање:„Новогодишни желби“во
рамките на проектот на МОН-Интензивирање на воннаставни активности-наставник,ученик,родител,одржа- но на 22.12.2014 година од предметниот наставник по македонски јазик Слаѓана Николовска Со цел да се зајакне тријаголникот,наставник,ученик,родител.,во училишните простории беше организирана воннаставна активност-литературно читање на тема„Новогодишни желби“како дел од проектот на МОН. Активноста помина во пријатна атмосфера.Во неа учествуваа учениците и родителите од осмите одделенија,кои ги читаа творбите и беа многу задо-волни . Пројавија желба да во иднина повторно организираме ваква активност. |
Извештај од јубилејната средба (50 години) од првата генерација првоодделенци во
ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје
По повод 50 години од постоењето на нашето училиште и јубилејни 50 години од формирањето на првата генерација прводделенци, на 20. 12. 2014 година во просториите на училиштето се одржа средба помеѓу првите ученици во ООУ „Крсте Мисирков“ кои далечната 1964 година го започнале своето образование во ова училиште, наставниците кои им предавале, денес пензионирани просветни работници и директорката Јагода Поповска како еден од главните пооддржувачи на оваа иницијатива. Средбата започна со земање на збор од директорката и помина прекрасно со евоцирање на многубројни спомени, измешана со пријатни чувства и споделување на искуствата стекнати преку сите години.

ИЗВЕШТАЈ ОД УЧЕСТВО ВО РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА „АЛТЕРНАТИВНИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ПРЕКУ ТРАНСФЕР НА
ЗНАЕЊЕ“
На 17.12.2014 год. (среда) во 11:00 часотво ОУ „Дане Крапчев“ се одржa Работилница на тема „Алтернативни извори на енергија преку трансфер на знаење“ на граѓаните на Општина Гази Баба. Работилницата ја организира општина Гази Баба и тимот на Це Про САРД – Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој. Во работилницата учество земаa учениците од сите основни училишта од Општина Гази Баба. Учениците ги проширија своите знаења за алтернативните извори на енергија . Во текот на работилницата се одржа и квиз на кој учениците имаа можност да ги искажат своите знаења за алтернативните извори на енергија. Знаењата на учениците беа бодувани. Учениците од нашето училиште Мартина Тосева, Љубчо Наумовски и Стојановска Тамара се истакнаа со своите знаења за алтернативните извори на енергија на квиз натпреварот и го делеа првото место со други две општински училишта.
Ја поздравуваме идејата на општината Гази Баба за одржување на работилници кои ја потикнуваат свеста но и знаењата на учениците за заштита на животната средина и очекуваме и во иднина да бидеме учесници во работилници од ваков вид.
Наставник по
физика
Анета Топаловa
Извештај од посетата на Францускиот Институт
На ден 17.12.2014 година учениците од ООУ „Крсте Мисирков“-Скопје и нивната наставничка по француски јазик Марија Варсамис Симоновска, го посетија Францускиот Институт во Скопје. Во 12:30часот пристигнавме пред Францускиот инстиут каде што не пречека и прими Оле Крстевска, вработена во Институтот, не поздрави и прифати. Потоа Арта Ибраими, врaботена во Институтот, ја започна презентацијата на медиатеката, при што на учениците им беше покажано како фунционира медиатеката, како да се зачленат бесплатно на интернате страната на Инситутот за да можат да изнајмуваат француски филмови за гледање, француски книги за читање и детски списанија.Потоа го посетија катчето за најмладите, каде што разгледуваа француски кинги и списанија за возраст од 8 до12 год. Учениците беа многу задоволни од посетата исто и нивните родители, кои ги придружуваа. Оваа посета вроди желба за изучување на францускиот јазик, ги воведе во француската литература и култура, им претстави слика за францускиот печат и француските интернат страни.
Учество на учениците од ООУ„Крсте Мисирков“ Скопје во глобалната акција Hour of Code
Учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје и оваа година земаа активно учество во глобалната акција Hour of Code која има за цел промоција на програмирањето низ светот и во која се вклучени и голем број на познати личности. Може да се вклучи кој сака на следниот линк
Учениците преку игра, се воведуваа во почетоците на визуелното програмирање и забавувајќи се успеваа да ги направат првите кодови, за што добија и сертификати.
Учениците преку игра, се воведуваа во почетоците на визуелното програмирање и забавувајќи се успеваа да ги направат првите кодови, за што добија и сертификати.
|
|
ООУ„Крсте Мисирков“-Скопје
Извештај од реализирана претстава „Распеана турли тава“
Драмското студио СНЕШКА, под раководство на Снежана Коневска-Руси се вклучи во промоција и презентација на проектот на Владата на РМ-ЗДРАВА ХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ со подготвена претстава-„Распеана турли тава“ (сценарио и режија на Снежана Коневска-Руси).
На ден 05.12.2014 година учениците од прво до петто одделение и учениците од подрачното училиште во с.Брњарци ја проследија претстава која се одржа во просториите на ООУ„Крсте Мисирков“-Скопје. Целта на оваа претстава е да се афирмираат предностите на здрава храна, различни видови зеленчук, овошје како и разните македонски специјалитети-салата македонска, еколошка чорба, турли тава и сл. Преку игра на актерите: Ѓорѓи Тодоровски-Трупче-Драмски театар, Зорица Панчиќ-Велешки театар, Снешка-МНТ, Ѓорѓи Нешковски и Христина Ѓорѓиевска-студенти на ФДУ На претставата присустуваа и дел од родителите вкључувајќи се во проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ што дополнително даде свој печат во ова претстава. Извештај за спроведените активности во ООУ „Крсте Мисирков“-Скопје по повод одбележување на „Ден на дрвото- есен 2014“
Учениците од ООУ„Крсте Мисирков“-Скопје и оваа година земаа активно учество во акцијата за одбележување на „Ден на дрвото- есен 2014“ преку Министерството за образование и наука, како активен поддржувач и посредник во спроведувањето на истата.
За развивање на свест и едукација кај учениците од I до IX одделение беа организирани едукативни работилници и активности на тема "Ден на дрвото- есен 2014" од страна на наставниците. Учениците од одделенска настава зедоа активност во спроведување на активности во рамките на овој проект. Имено, учениците од прво одделение изработуваа и презентираа ликовни творби и еколошки пораки. Oд второ одделение спроведоа активности за еколошко уредување на училниците. Учениците пак од трето одделение работеа на изработка на ликовни цртежи согласно дневните активности, а оние од четврто одделение изготвуваа ѕидни изработки, плакати и истите ги поставија во училниците. Учениците од петто одделение работеа врз изработката на литературни творби по што истите ги читаа пред другите ученици. Учениците пак од предметна настава работеа по тимови, односно секции како што се еколошката секција, литературната секција, ликовната секција како и географската секција во чии групи и подрачја сите ученици земаа активно учество преку творење, цртање и истражување во склоп на истите соодветно „Ден на дрвото-есен 2014“. Членовите на Еко патролата исто така зедоа активно учество и во акцијата за расчистување на училишниот двор и засадување на дрвца и садници. И учениците од подрачното училиште во с.Брњарци земаа учество во акцијата ,,Ден на дрвото-есен 2014” уредувајќи катче со цртежи ,пораки и творби како и чистење на училишниот двор и засадување на дрвца и садници Извештај од спроведените активности на учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ за списанието „Направи сам“ Учениците од ООУ„Крсте Мисирков“, по повод новогодишните и божиќните празници земаа активно учество во изработка на новогодишни украси. По тој повод беше организирана работилница за изработка на украсите и исите беа фотографирани за списанието „Направи сам“ кое ќе излезе на 12.12.2014 година.
ИЗВЕШТАЈ ОД СПРОВЕДЕНА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ПОМЕЃУ ООУ „КРСТЕ МИСИРКОВ“ И ОУ „25 МАЈ“- СКОПЈЕ
|
|
|
|
„Ајде да возиме велосипед“
По повод заедничкиот проект за меѓуетничка интеграција од две партнерски училишта во кои наставата се одвива на два различни наставни јазици се спроведе соработка помеѓу ООУ„Крсте Мисирков“ и ООУ„25 Мај“. На 11.09.2014 година се оствари средба помеѓу наставниците по техничко образование Виолета Миноска и Мухамет Амети и ученици од 6 одделение, каде што учениците меѓусебно се запознаа. На средбата наставниците се договорија планираната активност за возење на велосипед да се изведе на игралиштето во ООУ„25 Мај“ на ден 16.09.2014 година. Формираа мешани екипи од по 4 ученици, 2 машки и 2 женски и тоа:
1 екипа: Кристијан Димитриевски, Јетула Тахири, Марија Павловска, Едона Круези
2 екипа: Христијан Мисајлески, Сали Алији, Каја Слатиновска, Блерина Максути
Учениците на нацртаниот полигон возеа велосипед и ги повторија сообраќајните правила и прописи за велосипед и сигнализација што ја дава велосипедистот во сообраќајот.
Последната средба беше остварена во ООУ„Крсте Мисирков“ на ден 23.09.2014 година, каде што учениците изработија пано со испишани сообраќајни правила за велосипед и фотографии од изведените активности. Сите средби на учениците беа пријатни и учениците беа спремни за соработка и учење, со желба и понатаму да се дружат.
ООУ „Крсте Мисирков“- Скопје, како дел од акцијата „ЗАСАДИ ДРВО ЗА МИР“ 2014
Нашето училиште како дел од Интернационалната програма „ Учење за шумите“ и програмата на ЕНО, се вклучи во акцијата „Засади дрво за мир“ 2014 год., која во Р.Македонија се спроведува преку програмата „ Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. По тој повод на 24 септември се вклучивме во светската мрежа на училишта кои работат за создавање на одржлива иднина преку еколошка едукација.
Во нашиот училишен двор беа засадени десетина дрвца. Во акцијата учествуваа учениците од прво до деветто одделение, кои покрај заедничката дружба , научија нешто повеќе за шумите како „најефективни машини“ во светот за прочистување на воздухот, се запознаа со значењето на акцијата која го симболизира мирот и одржливиот развој во светски рамки.
Отворен час по биологија, тема: Градба на растенија, наставна содржина: Вежби-Изработка на модел на растителна клетка
На овој наставен час се изработува модел на растителна клетка од различен материјал. За таа цел наставникот ги запознава учениците со начинот на изработка на растителната клетка и материјалот кој ќе им биде потребен, како стиропор, картон, пластелин, колаж, ножички, бои итн. Учениците работат во групи, наставникот како кординатор на часот постојано ја набљудува работата на групите, истовремено појаснува и ги споредува изработените модели на растителна клетка на учениците, се дискутира за функциите на секоја од органелите на една растителна клетка, што всушност беше и една од главните цели на часот. Ги потикнува учениците на креативност и
натпреварувачки дух за време на реализацијата на часот. Завршниот дел од часот учениците ги
презентираа своите изработки пред останатите ученици и избраа најдобро изработен модел на растителна клетка. На часот присуствуваа: педагог, психолог, Анета Топалова наставник по физика и Лилјана Мердита наставник по хемија. Часот се одржа во VII1 одделение, предметен наставник: Валентина Мишевска, наставник по биологија.
Првиот училишен ден во ООУ„Крсте Мисирков“-Скопје
Денешниов ден за сите нас е свечен ден, со него започнува новата учебна година, а за учениците е најрадосен ден на кој ќе се сеќаваат секогаш.
Од денес нашето училиште „Крсте Мисирков“ за сите ученици ќе биде втор дом, а наставничките ќе бидат втори мајки.
Среќе почеток ученици наши. . .
Од денес нашето училиште „Крсте Мисирков“ за сите ученици ќе биде втор дом, а наставничките ќе бидат втори мајки.
Среќе почеток ученици наши. . .
Промоција на активности од проект за меѓуетничка интеграција во образованието
По повод промоција на активностите спроведени во рамките на проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“ во ОOУ„Крсте Мисирков“ Скопје на ден 16.06.2014 година беше реализиран отворен ден на кој се презентираа сите заеднички активности на учениците од двете партнер училишта ОУ„Крсте Мисирков“ и ОУ„25 мај“. Отворениот ден се одбележа со пригодна свеченост и ритмички точки подготвени од страна на учениците од двете училишта кои ја отсликуваа мултиетничноста на средината во која живееме. Изработките од учениците и презентациите на истите беа поставени на штандови и истите се презентираа јавно пред сите присутни на двата наставни јазици на кои се реализира наставата во овие училишта.
Ученикот Филип Тодосов освои прво место на Државниот натпревар по информатика во организаија на Здружение на информатичари на Македонија
Здружението на информатичарите на Македонија осма година по ред организира натпревари по информатика за учениците од основното образование. Натпреварот се состои од три дела: изработка на домашна (квалификациска) задача со цел ученикот да ги прикаже своите знаења и способности од областа на информатиката; решавање на тест со повеќеќлен избор од наставните содржини кои се изучуваат по предметот информатика и изработка на задача на компјутер според наставниот план и програма.Оваа година Државниот натпревар по информатика се одржа на 19.05.2014 година во Скопје.
Ученикот Филип Тодосов од VII одделение од ОУ „Крсте Мисирков“ под менторство на наставникот по информатика Маја Виденовиќ, изготви домашна задача изработена во Power Point и Excel на тема: Дигитална содржина по математика - четириаголници и со истата се пријави на овој натпревар.
Домашната работа беше позитивно оценета и со стекнатата диплома од регионалниот натпревар ученикот доби можност да учествува на Државниот натпревар по информатика и на истиот освои прво место. Ученикот како награда доби ваучер за следење на еден од детските курсеви во Семос едукација. Како дополнителна награда на ученикот, кој две години по ред на државниот натпревар освојува прво место, му беше доделен и ваучер за бесплатно полагање на Microsoft Office Specialist Exam, во организација на Семос организација. |
ИЗВЕШТАЈ ОД РЕАЛИЗИРАНИОТ ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ОРГАНИЗИРАН ОД СОЈУЗ НА КЛУБОВИТЕ НА МЛАДИ ТЕХНИЧАРИ И ПРИРОДНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА НАРОДНА ТЕХНИКА- Р. МАКЕДОНИЈА
Нашето училиште ОУ „Крсте Мисирков“- Скопје и оваа година учествуваше на Државниот натпревар организиран од Сојуз на клубовите на млади техничари и природници на Македонија, Народна техника- Р. Македонија, кој се организираше на 10.05.2014 година во просториите на основно училиште Ванчо Китанов во Пехчево.
На натпреварот учествуваше ученичката Анастасија Стојановска под менторство на наставникот по физика Анета Топалова . Анастасија се натпреваруваше во областа метеорологија и го освои првото место.
Акцијата „Од желад до голем македонски даб“ спроведена во ОУ „Крсте Мисирков“- Скопје
Денес во нашето училиште успешно беше спроведена акција Од желад до голем македонски даб. Уцениците од предметна и одделенска настава активно се вклучија во акцијата со засадување на желади во мали пластични саксии.
Учениците, членови на еколошката секција Еко Ѕвонче земаа масовно учество во успешно реализирање на акцијата, потикнување на останатите ученици и остварување на крајната цел на оваа акција Од желад до гооолем македонски даб.
ИЗВЕШТАЈ ОД РЕАЛИЗИРАНИОТ НАТПРЕВАР ОРГАНИЗИРАН ОД СОЈУЗ НА МЛАДИ ТЕХНИЧАРИ И ПРИРОДНИЦИ- НАРОДНА ТЕХНИКА- СКОПЈЕ
Нашето училиште ОУ„Крсте Мисирков“- Скопје, и оваа учебна година учествуваше на натпреварот организиран од Сојуз на млади техничари и природници, Народна техника- Скопје, кој се реализираше на 03.05.2014 година во просториите на основното училиште Наум Наумовски- Борче, Скопје. Учениците од нашето училиште се натпреваруваа во следните области:
Метеорологија
Анастасија Стојановска под менторство на наставникот Анета Топалова.
Применета географија
Ивона Давитковапод менторство на наставникот Анета Чаковска.
Учениците ги постигнаа следните резултати:
Анастасија Стојановска го освои второто место и ќе учествува на Државен натпревар кој ќе се одржи на 10.05.2014 година во Пехчево.
Ивона Давиткова го освои петтото место и за своето учество ќе биде наградена со диплома.
ОТВОРЕН ЕКО ДЕН: МАТЕРИЈАЛИТЕ КОИ ИМААТ МИНАТО МОЖЕ ДА ИМААТ И ИДНИНА
ОУ Крсте Мисирков
по повод ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА, на 22 април 2014, организираше
ОТВОРЕН ЕКО ДЕН под мотото „МАТЕРИЈАЛИТЕ КОИ ИМААТ МИНАТО, МОЖЕ ДА ИМААТ И ИДНИНА“. Денот на планетата Земја го одбележавме со
презентирање на видео за планетата Земја, кратка пригодна програма со избрани
драмски содржини, рецитации, ритмички точки и еко химната. Фокусот на
активноста беше врз модната ревија„ТРЕШ ФЕШН“ на
која учествуваа учениците од предметна и одделенска настава со креации од секаков вид на отпаден материјал. Учениците се потрудија да покажат дека отпадниот материјал може да биде искористен во изработка на еден навистина креативен, естетски и привлечен производ. Најуспешните беа наградени со дипломи. Според жири комисијата за најдобра беше прогласена креацијата што ја носеше ученичката Јана Ицевска од 82 одд.
ПОСЕТА НА ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА „РУСКИ„ ВО НАСЕЛБА ЧЕНТО
По повод Велигденен-најмилите и најмалите од нашето училиште го посетија домот за стари лица Руски -во населбата Ченто.
Ученицата своите креации од јаца ги подарија на старите и изнемоштени лица во горенаведената институција.Радоста беше неизмерна и од двете страни....се кршеа јајца,се рецетираа стихотворби,пееа песни,а на лицата од бабите и дедовците се стркала и по некоја солза радосница. Со топли прегратки и насмевки бевме испратени од директорката и бабите и дедовците и покана за повторно да ги посетиме.
Детската смеа и жагор им ги разубави ови часови поминати со нив, а нашиот скромен подарок беше изработен од срце и со многу љубов.

РАБОТИЛНИЦА ПО ПОВОД ДЕНОВИ НА ПРОЛЕТТА- ДЕНОВИ НА ЕКОЛОГИЈАТА ПОД МОТОТО „МАКЕДОНИЈА ЗЕМЈА НА РОЗИТЕ“
Учениците од одделенска настава од второ одделение (II- 1, II-2 и II- 3 )од нашето училиште и учениците од второ одделение од ОУ„25 Мај“ реализираа работилница под мотото „Македонија земја на цвеќето - земја на розите“. Оваа работилница е дел од нашите заеднички активности од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. Учениците самостојно изработуваа цвеќиња од хартија во боја, салфети, цевчиња. Се дружеа, разменуваа идеи како да направат букети од различните прекрасни цветови.
ДЕНОВИ НА ПРОЛЕТТА- ДЕНОВИ НА ЕКОЛОГИЈАТА ПОД МОТОТО „МАКЕДОНИЈА ЗЕМЈА НА ЦВЕЌЕТО- ЗЕМЈА НА РОЗИТЕ
Министерството за животна средина и просторно планирање, а со подршка на Владата на Р. Македонија и оваа година организира акција со намера Македонија да стане земја на розите. Нашето училиште ОУ „Крсте Мисирков“ од општина Гази Баба се вклучи во иницијативата со организирање на едукативна акција под мотото „Македонија земја на цвеќето- земја на розите“, со цел да го даде својот придонес Македонија да стане земја чиј препознатлив симбол ќе бидат розите. Вредните рачиња на учениците од одделенска настава во времето предвидено за креативни активности неуморно твореа. Во овие креативни активности беа вклучени и родителите на учениците од одделенска настава. Во креативните активности не заостануваа ни учениците од предметна настава. Благодарение на нивната фантазија, креативност и желба да се даде придонес во акцијата, работилницата во која тие твореа се претвори во еден волшебен свет, свет во кој само детската фантазија и креативност може да го изгради. Во рамките на акцијата во нашето училиште на 19.03.2014 година се организира и продажна изложба. Собраните средства од продажната изложба се наменија за купување на рози, кои на 25.03.2014 година ќе се засадат во училишниот двор. Нашите активности продолжија и на 21.03.2014 година . И на овој ден учениците заедно со наставниците од нашето училиште повторно ги изразуваа своите креативни способности, но овој пат уредувајќи го училишниот двор со садници од цвеќиња донирани по желба на учениците. Акцијата ќе ја завршиме со садење на розите во училишниот двор.
Координатори на акцијата се предметните наставници: Валентина Мишевска, Анета Топалова и Виолета Миноска.
ИЗВЕШТАЈ ОД ОДРЖАНАТА АКТИВНОСТ ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „25 МАЈ“- КЛОН СОНЦЕ
Во рамките на Проектот интеграција на еколошката едукација во образованието од подрачјето енергија на ден 12.03.2014 година се одржа активност насловена како: ЕНЕРГИЈАТА ОКОЛУ НАС, во детската градинка „25 МАЈ“ – клонот СОНЦЕ. Активноста претходно беше подготвена од учениците при ОУ „Крсте Мисирков“ под менторство на Анета Топалова, одговорен наставник за подрачјето ЕНЕРГИЈА, Анета Придаенкоска претседател на Еко- одборот и координатор на Проектот Рената Стаменковска, педагог во истоименото училиште.
Учениците од петто одделение подготвија драматизација за видовите енергија прилагодена на возраста на децата од големата група во градинката, со која и започна активноста. Со драматизацијата ги претставивме видовите енергија кои ги дефиниравме и поблиску објаснивме преку разговор со децата од градинката. Следна активност беше презентирање на анимација за алтернативни извори на енергија и еволуцијата на изворите на енергија симплифицирана за возраста. Во текот на анимацијата се разви конструктивна дискусија проследена со демонстрации на опиплив начин со експерименти и можеме да нагласиме дека сме особено задоволни од учеството и интересот на дечињата од градинката. Следеше цртан филм кои го потикнаа размислувањето на децата за значењето за заштедата на енергијата. Им беа поделени ветерници кои ги изработија учениците од ОУ „Крсте Мисирков“, со пораки за заштеда на енергијата.
Како крајна активност заедно со децата залепивме натпис – насока за заштеда на енергијата, (потсетник да се исклучува светлото). Им беа поделени и ливчиња – боенки за изворите на енергија. Исто така им беше донирана и игра насловена како ЕНЕРГИЈАТА ОКОЛУ НАС изработена од учениците во ОУ „Крсте Мисирков“ и мемориски картички со содржини за изворите на енергија.
Активноста ја завршивме со соодветно избрана песничка во која сите се приклучија.
Почеток на активностите по повод Денови на пролетта- Денови на екологијата, под мотото „Македонија земја на цвеќето, земја на розите“
Еколошката секција „Еко Ѕвонче“, при ОУ „Крсте Мисирков“, Скопје ја отпочна Едукативната акција под мотото „Македонија земја на цвеќето, земја на розите“, по повод традиционалните Денови на пролетта- Денови на екологијата од 21 до 25 март. Целта е едноставна розите да станат препознатлив симбол на нашата земја а воедно да се заштити почвата од тешките метали присутни во неа.
Учениците членови на еколошката секција земаат активно учество преку низа активности поврзани со Денови на пролетта- Денови на екологијата. На часот по еколошка секција учениците изработуваа цвеќиња, украси од пластика, салфетки, хартија, и други материјали, маски и разни предмети по нивна желба и креација.
Изработените предмети ќе бидат изложени на отворениот штанд кој ќе биде поставен во холот на училштето.
Меѓудругото учениците спроведоа акција во расчистување на училишниот двор и засадување на цвеќиња на одредени локации во училиштето.
Учество во емисијата „ГОЛЕМ ОДМОР“
На ден 25.02 .2014 ,учениците од четврто и петто одделение,учествуваа во емисијата „Голем Одмор“ ,која се емитува на Македонската телевизија.
Се со цел да се промовира нашето училиште,како училиште кое е вклучено во голем број на проекти кои се остваруваат преку текот на целата година ,па и во подолг временски период.
Учениците се претставија со личната карта на училиштето,ги претставивме и проектите на кои се работи напорно и секако се постигнуваат позначајни резултати.Потоа го покажаа и своето знаење,преку игра,музика,драматизација,креативна работилница.
Но најзначајно е тоа што се претставуваме како едно од хуманите училишта во Репиблика Македонија.

Посета на општина Гази Баба
Учениците од четвртите одделенија,нивните одделенски наставници и Директорот на училиштето Јагода Поповска на ден 5.03.2014 година ја посетија општината „Гази Баба“.
Во општината бевме пречекани од нивните претставници,кои не запознаа со службите и секторските одделенија кои ги има во општината.Највозбудливо за учениците беше приемот во кабинетот на градоначалникот на општината Тони Трајковски,кој лично ги пречека и поздрави.
Накратко ги запозна со работата на општината,а потоа даде и одговор на прашањата поставени од учениците.
Посетата им остави силен впечаток и долготјајни импресии ,бидејќи директно се запознаа со работата на градоначалникот и органите на општината.
Сите заедно да создадеме подобар Интернет
Во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието учениците од ОУ„Крсте Мисирков“ и ОУ „25 мај“ реализираа заеднички активности за одбележување на Денот на безбеден Интернет - 11.02.2014 година. Оваа година мотото на активноста е „Сите заедно да создадеме подобар Интернет“ и затоа учениците од овие две училишта спроведоа заеднички активности за пронаоѓање, анализирање и споделување на информации во врска со безбедното користење на Интернетот. Пред почетокот на активностите беше реализирана средба меѓу наставниците по информатика од двете училишта и беа извршени потребните подготовки за активностите кои што следеа.
|
Учениците од двете училишта на заедничка средба ги прецизираа активностите кои треба да се спроведат за да може да се испланира една квалитетна работилница за бебзедно користење на Интернет и истата да се промовира. Потоа во зависност од нивните афинитети се поделија во групи при што се водеше сметка за етничката и половата припадност. Истражуваа за предностите на Интернетот, како треба да се однесуваме online, како и начини за да се заштитиме од евентуалните злоупотреби преку Интернетот. Главно комуницираа на македонски јазик, а во одредени ситуации наставникот по информатика вршеше превод на дискусиите од македонски на албански јазик и обратно. Учениците се договараа меѓу себе, соработуваа во групите и заеднички ги планираа своите идни активности.
|
Оваа заедничка средба и испланираните активности како резултат на истата покажаа дека без разлика на јазикот на кој се комуницира и на кој се планираат активностите учениците заеднички може да постигнат многу бидејќи работат водени од иста цел: како најдобро да се испланираат заеднички активности преку кои ќе ја подигнат свеста на учениците за безбедно кроистење на Интернетот. После заедничката средба соработката продолжи користејќи ги средствата за електронска комуникација.
Првата група заеднички анализираше информации во врска со одбележувањето на Денот на побезбеден интернет низ разни држави и врз основа на тие информации изготви флаер на македонски и на албански јазик за безбедно користење на Интернетот. Флаерите беа поделени на одделенски час и учениците започнуваа дискусии во паралелките за тоа колку безбедно ние го користиме интернетот, а и како сите ние, наставници и ученици, можеме да го дадеме својот придонес за подобар Интернет.
Останатите ученици испланираа активности кои се реализираа во двете училишта со учениците од VI одделение со цел подигање на свеста кај учениците за безбедно користење на Интернетот, бидејќи само доколку сите етички се однесуваме на Интернет може да создадеме побезбеден Интернет.
Втората група испланира различни активности со учениците во насока на идентификување на сајтови на Интернет кои е безбедно да се користат, што е она на што треба да се внимава кога се пронаоѓаат информации на Интернет, како да се однесуваме на интернет во насока сите заедно да придонесеме за подобар и побезбеден Интернет, а посебно се задржаа на анализа на некои злоупотреби на Интернетот со цел да ги убедат своите соученици дека треба многу да се внимава за такви непријатности да не им се случат и на нив.
Третата група изврши анализа на видеата поставени на www.crisp.org.mk на македонски и албански јазик, заеднички ги проанализираа истите и се согласија кој е најсоодветниот начин за истите да се презентираат пренесувајќи им знаење на останатите ученици за евентуалните злоупотреби преку Интернет и како да се заштитиме од нив.

Заклучокот од заедничките активности на учениците од двете училишта е дека сите ученици земаа активно учество во планирањето, подготовката и спроведувањето на активностите, соработуваа меѓу себе, анализираа голем број информации на македонски, албански и англиски јазик притоа дружејќи се и забавувајќи се. Задоволоството на лицата на учениците беше уште една потврда за успешното спроведување на планираните активности. |
|
Реализацијата на испланираните активности во двете училишта покажа дека учениците навистина се способни заедно да испланираат активности, да ги реализираат истите според планираното, притоа комуницирајќи и соработувајќи меѓу себе без разлика на етничката и половата припадност водејќи се само од идејата за постигање на една заедничка цел: Подигање на свеста кај учениците дека само ако соработуваме сите заедно може да постигнеме поголеми успеси, во овој случај подобар и побезбеден Интернет.
Извештај од одбележувањето на Европскиот ден за заштита на податоците
По повод одбележувањето на Европскиот ден за заштита на податоците - 28 јануари, во соработка со А.Д. Просветно дело, Дирекцијата за заштита на лични податоци спроведе конкурс „Приватноста е моја, иако сум дете“, наменет за учениците од основното образование. Ученичка Невена Ацевска под менторство на наставничката Мирјана Малјановска доби награда за најприказна и присуствуваше на доделување на наградите. Тоа беше прекрасно доживување и убаво организиран настан. За тоа, секако, најмногу придонесоа учениците кои со својата детска искреност, непосредност и дарба преку цртежи и литературни творби проговорија на тема „Приватноста е моја иако сум дете“. Тие навистина покажаа колку е значајна приватноста за нив и дека секако ја заслужуваат. За да биде денот уште поубав придонесе и наградата на нашата соученичка Ана Георгиева која под менторство на наставникот Никола Наневски доби награда за ликовна творба. Успешен ден за учениците од ОУ„Крсте Мисирков“- Скопје.
ОУ„ Крсте Мисирков“- Скопје додели дипломи и награди на ученици кои дадоа посебен придонес во акцијата „Отпад собираме, подароци добиваме“, во организација на Пакомак
Нашето училиште како дел од големата еколошка акција за почиста околина и за подобрување на хигиенските услови во училиштето, зема активно учество во акцијата „Отпад собираме, подароци добиваме“ во соработка со Пакомак и општина Гази Баба. Целта на акцијата е поттикнување на учениците да го селектираат отпадот, да ја зачуваат природата, да рециклираат и еколошки да се едуцираат. Знаејќи дека на едно пластично шише му се потребни 700 години за да се распадне, нашата мисија е да го селектираме пластичниот отпад, за да не ја загадуваме почвата која ни е најважна за производство на здрава храна, вода и воздух.
Нашите ученици активно се вклучија во акцијата, притоа оние ученици кои дадоа свој посебен придонес во акцијата на крајот од првото полугодие, училиштето им додели дипломи и скромни подароци. Ученици на кои им беа доделени дипломи се:
1. Јасмин Балота-I-2 одд.
2. Леонтина Петрова- I-2 одд.
3. Ангела Поповска- I-3 одд.
4. Божидар Јанковски-II-2 одд.
5. Дамјан Митревски-III-1 одд.
6. Викторија Поповска- III-1 одд.
7. Андреј Тодоровски- III-1 одд.
8. Џихан Јусуфи- IV- 2 одд.
9. Драган Николовски- IV-4 одд.
10. Христијан Митевски- V-2 одд.
11. Марија Попадиновска- VI- 1 одд.
12. Мартин Весков- VIII-4 одд.
На ниво на паралелка најголем придонес дадоа учениците од: I-2 одд. III- 1 одд. V- 2 одд. IV- 4 одд. IV-2 одд. V- 1 одд.
Акцијата „Отпад собираме, подароци добиваме“ продолжува и во второ полугодие од учебната 2013/14 година.
Отворен Еко ден во ОУ „Крсте Мисирков“- Скопје, под мотото:„Планетата ја чуваме, подароци даруваме“
По повод Новогодишните празници денеска на 25.12.2013 година со почеток во 11:30 час ОУ„Крсте Мисирков“-Скопје оранизира отворен Еко ден под мотото „Планетата ја чуваме, подароци даруваме“ проследен со приредба. Учениците со своите наставници и родители вредно работеа во изработка на новогодишни украси од рециклиран материјал и истите беа подарени на децата СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА.
Гостите имаат можност да ги погледнат литературните и ликовните творби како и работилницата за изрботка на украси во кои учествуваа учениците со своите родители.
Литературните и ликовните творби на отворениот Еко ден беа јавно пофалени и наградени со дипломи, а исто така беа доделени благодарници и на родителите.
Оваа наша манифестација има хуманитарен карактер со цел да се подигне света да ја чуваме и заштитуваме планетата Земја.
ОУ „Крсте Мисирков“- Скопје, гостување на списанието Теа модерна по повод престојниот Еко ден на училиштето
Под мотото „ Планетата ја чуваме-подароци подаруваме“, во нашето училиште по повод престојниот Еко ден- 25 декември, се одржа еко работилница, изработка на предмети од материјали кои се рециклираат, во истата беа вклучени ученици од второ до осмо одделение, кои дел од своите готови изработки ги изложија на штандовите во училиштето, при тоа нивната работа беше следена од страна на списанието Теа модерна преку фотографирање на веќе готовите изработки и оние кои учениците ги сработија во моментот на посетата.
ОУ „Крсте Мисирков“ – Скопје
одржани активности за спроведување на традиционалната сообраќајно-воспитна кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“
(Втор дел од сообраќајниот буквар)
На почетoкот на месец септември и месец октомври учениците при ОУ„Крсте Мисирков“ - Скопје се вклучија во традиционалната сообраќајно-воспитна кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Со оглед на фактот дека пешаците и понатаму се една од најранливите категории на учесници во сообраќајот, во нашето училиште ја одбележавме истоимената кампања.
Во текот на месец декември учениците од одделенска настава проследија соодветни образовни предавања на вториот дел од Сообраќајниот буквар од страна на претставници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со подршка на министерството за внатрешни работи и министерството за образование и наука.
Учениците заедно со своите наставници имаа можност да проследат предавање придружено со визуелни материјали од вториот денл на Сообраќајниот буквар како и потсетување на правилата и прописите во сообраќајот.
Извештај од доделување награди на ученици од ОУ „Крсте Мисирков“ по повод литературниот натпревар на тема: „Љубовта ја облагородува и збогатува човековата душа“, во организација на СУГС Гимназија „Панче Арсовски“- Скопје
СУГС Гимназија „Панче Арсовски“- Скопје, организираше литературен натпревар (конкурс) на тема “Љубовта ја облагородува и збогатува човековата душа”. Натпреварот се одржа по повод патрониот празник на училиштето. Учениците од ОУ „Крсте Мисирков“ земаа учество на овој конкурс. Тие твореа на дадената тема , инспирирани од љубовта како најважно нешто за човекот. Литературните творби беа испратени, а ученичката Ана Георгиевска го освои второто место за што се здоби со пофалница. На 06.02.2013 беше одржано литературно читање во просториите на училиштето, каде што беа прочитани литературните творби од сите наградени ученици. Одговорниот наставник Благица Ристивојевиќ заедно со наградената ученичката присуствуваа на ова литературно читање.
Извештајот го изработи наставникот по македонски јазик –Благица Ристивојевиќ.
Извештајот го изработи наставникот по македонски јазик –Благица Ристивојевиќ.
Градската библиотека “Браќа Миладиновци” – Скопје, организираше литературен натпревар (конкурс) на тема “Ликот и делото на Св. Климент Охридски”. Натпреварот се одржа по повод одбележувањето на денот на “Св. Климент Охридски” – ученик на Св. Кирил и Методиј и основач на првиот сесловенски универзитет во Охрид – центарот на културните и творечки збиднувања на европско небо во IX век.
Учениците од ОУ „Крсте Мисирков“ земаа учество на овој конкурс. Тие твореа на дадената тема , инспирирани од ликот и делото на Св. Климен. Се обидоа да ги искажат своите најдлабоки чувства, почит и размислување. Литературните творби беа испратени, а ученичката Вања Милчевска го освои првото место, за што се здоби со диплома. Изложбата на најдобрите литературни творби беше отворена на 04.12.2013 година во 12 часот во Библиотеката “Другарче” каде беа доделени пригодни награди и признанија. Одговорниот наставник Мирјана Малјановска заедно со ученичката на првонаградената творба присуствуваа на оваа свеченост. Покрај наградените ученици и нивните ментори се здобија со диплома за учество. Свеченоста ја отвори Силвана Јакимова и Радослав Љубиќ честитајќи им на сите добитници на наградите со надеж за повторно видување.
Извештајот го изработи наставникот по македонски јазик – Мирјана Малјановска.

Спрове
ОУ „Крсте Мисирков“ Скопје е едно од 10 пилот училишта за изучување на правото за заштита на личните податоци во рамките на проектот „Одржлив систем за континуирано основно и средно образование за принципите за заштита на личните податоци“ чија главна цел е подигање на свеста и едукација на наставниците и професорите за заштита на личните податоци. Во рамките на овој проект наставник од училиштето учествуваше во активности во компонентата Подготовка на материјали и документи за правото за заштита на личните податоци во едукативни цели а на ден 10.12.2013 година се одржа и обука во училиштето за заштита на личните податоци.
На истата беше претставен предлог материјалот за заштита на личните податоци во образованието изготвен од страна на Проектот, беше дискутирано за најсоодветниот педагошки пристап за изучување на правото на заштита на лични податоци за да се ревидира истиот и беа обучени наставниците за примена на овие содржини на своите часови.

Едукативна работилница по повод Неделата за борба против ХИВ/СИДА, одржана во ОУ „Крсте Мисирков“- Скопје
По повод Неделата за борба против ХИВ/СИДА од 1-7 декември, во нашето училиште се реализира едукативна работилница на тема, Превенција од ХИВ/СИДА и Сексуално преносливи болести, од страна на Општинската организација на Црвен крст „Гази Баба“- Скопје .
Едукативната работилница во нашето училиште се одржа на 4 декември, во времетраење од 45 минути, која ја следеа и земаа активно учество ученици од 8 (осумгодишно) и 8 (деветгодишно) одделение.
1-ви Декември- СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ СИДА, одбележан во ОУ „Крсте Мисирков“- Скопје
1 -Декември- Светски ден за борба против сидата, во нашето училиште беше одбележан со повеќе активности од страна на учениците, членови на еколошката секција- Еко ѕвонче. Учениците по тој повод направија проект, едукативно предавање на тема: Мерки на заштита од болеста на модерното време, изработиа флаери, постер и црвени ленти. Одржаа презентација пред другите ученици и наставници, им поделија флаери и црвени ленти во знак на солидарност со заболените од оваа болест. Своите изработки ги истакнаа на паното во училиницата и во училишните ходници.
Работилница со претставниците од Совет на родители на ОУ „Крсте Мисирков“- Скопје
Реализираната работилница со Совет на родители на тема „Интеграција на еколошката едукција во македонскиот образовен систем“ е во согласност со актвностите на училиштето за поголема вклученост на родителите во воспитно образовниот процес.
Со цел интензивирање на соработката со родителите во училиштето се организираат повеќе работилници во врска со теми актуелни во дадниот момент.
На работилницата одржана на 28.11.2013 година родителите беа запознати со активностите што се работеа изминатиот период во кои беа опфатени четирите еко стандарди: I. Еко стандард: Заштеда на енергија, II. Еко стандард: Заштеда на вода, III. Еко стандард: Одржување на зграда и здрава средина во училиштето, IV. Еко стандард: Уреден и еколошки двор, од Програмата „Интеграција на еколошката едукција во македонскиот образовен систем“. Со досегашните активности што се реализираа во нашето училиште конкуриравме на објавениот Конкурс од страна на Здружението на граѓани ОХО на кој ОУ„Крсте Мисирков“-Скопје освои Бронзено ниво.
27 Ноември- Ден на дрвото „ Засади здравје! Засади здрава иднина!“
во ОУ Крсте Мисирков- Скопје
По повод „Ден на дрвото- Засади здравје! Засади здрава иднина!“ активно учество земаа учениците од ОУ„Крсте Мисирко“-Скопје.
Во рамките на оваа акција, учениците од нашето училиште во придружба на наставниците беа ангажирани со активности за еколошко уредување и засадување на шумски садници во училишниот двор. Учениците беа видно заинтересирани и земаа активно учество во изработка на литературни и ликовни творби, макети, постери и флаери, уредување на училишниот двор и зеленилото во училиштето, организирано пошумување во Мршевци како и активно учество во сите активности на еколошката секција.
Пишување на литературни и ликовни творбина тема „Дена на дрвото-Засади здравје!Засади здрава иднина!“
Сите активности се одвиваа во просториите на училиштето во соработка со наставниците.
Дел од учениците беа ангажирани во Уредување на училишниот двор и зеленилото во училиштето. Учениците беа ангажирани со засадување на шумски садници во училишниот двор.
Активно учество во сите активности имаше и еколошката секција- Еко ѕвонче.
И по другите предмети беа изработувани различни трудови со што секоја област си ја пронајде својата намена и поврзаност со мотото на тој ден. Воодушевучка беше посветеноста и креативноста на учениците, а сето тоа резултираше со многубројни, оригинални идеи кои на секој предмет му дадоа специфично обележје.
ОУ Крсте Мисирков, Скопје- Освоено бронзено ниво
На објавениот Конкурс за наградување на градинки, основни и средни учлилишта вклучени во првата, втората и третата година од имплементацијата на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ право на пријавување имаа 51 детска градинка, 359 основни училишта и 100 средни училишта.
Заклучно крајниот рок 25.10.2013 година на електронската апликација беше пријавено и нашето училиште.
Учениците при ОУ„Крсте Мисирков“-Скопје активно се вклучија во проектот Еко училиште согласно претходно изработениот план и програма за работа.
Училиштата и градинките кои ги задоволуваат предвидените критериумите, се наградуваат со соодветниот статус за кој аплицирале на овогодинешниот конкурс.
Здружение за едукација, комуникација и консалтинг ОХО ја oдобри апликацијата, а воедно нашето училиште се закити со бронзено ниво.
Извештај од посетата на Музејот на македонската борба за државност и самостојност
Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим
На ден 01.11.2013год. активот на петтите одделенија изврши посета на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим, како и разгледување на плоштадот Македонија и плоштад Карпошово востание. Учениците се запознаа со прекрасната поставка на музејот и со историските настани кои се прикажани, од страна на водич во музејот. По посетата на музејот ги разгледавме и двата плоштади со потполно нови содржини - споменици, зеленила, фонтани. Заедно со учениците, презадоволни од прошетката и посетата се вративме во училиштето.

ОУ Крсте Мисирков, Скопје во Училишна квизотека одржана во ДКЦ "Карпош"
Денес во Детски Културен Центар “Карпош”, со почеток од 12 часот се одржа училишна квизотека во која активно учество зема и ОУ Крсте Мисирков-Скопје, со ученици од седмо (деветгодишно) и осмо (осумгодишно) одделение.
На овој натпревар-квиз учествуваа повеќе основни училишта од град Скопје.
Учесниците во квизотеката одговараа на прашања од повеќе области (македонски јазик, математика, историја, биологија, географија), во дел од ова натпреварување беше вклучена и играта пикадо. Учениците од нашето училиште освоија трето место и добиа Благодарница како редовни учесници во училишната квизотека која се одржува секоја година во ДКЦ “Карпош”.
Едукативно предавање на тема "Каде оди нашиот отпад"
Под мотото ЗАЕДНО СИТЕ ОД СКОПЈЕ СМЕ ДЕЛ, ЧИСТОТАТА НА ГРАДОТ Е НАШАТА ЦЕЛ, во нашето училиште се одржа едукативно предавање на тема “Каде оди нашиот отпад”, во соработка со ЈП Комунална хигиена- Скопје. Со цел будење на еколошката свест кај младите за зачувување на животната средина и начинот на управување со отпадот во училиштето и надвор од него.
На ова едукативно предавање присуствуваа ученици од петто одделение, кои активно земаа учество во дискусија за отпадот, негово селектирање и реупотреба.
ОУ Крсте Мисирков, како дел од проектот "Урбано зеленило, урбана култура"
ОУ Крсте Мисирков, Скопје во соработка со Општина Гази Баба и Здружението на студенти на Шумарски Факултет “ДРЕН” зема активно учество во реализирање на проектот “Урбано зеленило, урбана култура”. Во рамките на проектот денес во нашето училиште се одржа презентација за значењето на зеленилото за подобрување на квалитетот на животната средина, на која присуствуваа ученици, членови на еколошката секција.
Учениците земаа активно учество во дискусија за значењето на зеленилото и неговото одржување во рамките на училишниот двор. Притоа на учениците им беа поделени флаери, на тема “Заштити ја животната средина- Со урбана култура до урбано зеленило”.
ПОСЕТА НА ОУ„25 МАЈ“ н. ЧЕНТО
По повод Курбан Бајрам (празник за граѓаните од муслиманската вероисповед) на 16.10.2013г. (среда) учениците од второ одделение со одделенскиот наставник, директорката и еден наставник од предметна настава го посетија ОУ„25 Мај“ во н.Ченто.
На влезот од училиштето бевме пречекани од учениците од второ одделение заедно со нивните наставнички, директорот на училиштето и други наставници и вработени во училиштето.
На влезот од училиштето бевме пречекани од учениците од второ одделение заедно со нивните наставнички, директорот на училиштето и други наставници и вработени во училиштето.
Наставничката топло нè поздрави, ни посaка добредојде и накратко ни го објасни значењето на празникот Курбан Бајрам и начинот на славење.
Слушнавме и верска музика за Бајрам. На таблата имаше слики од џамија, внатрешноста на џамијата и верските обичаи кои ги изведуваат верниците.
Учениците од нашето училиште на своите врсници им подарија цртежи, честитки и букет цвеќиња кои самостојно ги изработија.
На крајот од посетата ги поканивме нашите домаќини да ни бидат гости во нашето училиште.
На крајот од посетата ги поканивме нашите домаќини да ни бидат гости во нашето училиште.
16 Октомври- Светски ден на храната
Светскиот ден на храната се одбележува денеска, 16 Октомври, во целиот свет на денот на основањето на Организацијата за исхрана и земјоделство (ФАО).
За да се потсети важноста на храната, проблемот со недостиг на храната во светот и борбата против гладта, како и фактот дека се уште во светот нема доволно храна за сите, учениците од ОУ Крсте Мисирков- Скопје, членови на еколошката секција активно се вклучија во одбележување на 16 Октомври- Светски ден на храната, преку изработка на флаери, реферат и презентација на тема "Поврзаноста на здравјето на луѓето со начинот на исхраната".
Преку своите активности учениците, членови на еколошката секција ги запознаа останатите ученици со темата на овогодинешното одбележување на Светскиот ден на храната, со поделба на флаери и одржување на презентација.
КАМПАЊА „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“
На почетoкот на
месец септември и тековниот месец октомври учениците при ОУ„Крсте Мисирков“ -
Скопје се вклучија во традиционалната сообраќајно-воспитна кампања „Да ги
заштитиме децата во сообраќајот“.
Со оглед на фактот дека пешаците и понатаму се една од најранливите категории на учесници во сообраќајот, во нашето училиште ја одбележавме истоимената кампања.
Во текот на месец септември и тековниот месец октoмври учениците од одделенска настава проследија соодветни образовни предавања придружени со визуелни материјали од Сообраќаен буквар, вредно работеа под менторство на своите наставници изработувајќи различни изработки посветени на заштита на децата во сообраќајот како и потсетување на упатства за почитување на сообраќајните правила и прописи.
Освен теоретски учениците имаа можност заедно со своите наставници да излезат на терен и претходно наученото го уtврдат со нагледни предавања и вежби за примена на правилата и прописите во сообраќајот.

velosipedi.doc | |
File Size: | 460 kb |
File Type: | doc |
pesaci.doc | |
File Size: | 189 kb |
File Type: | doc |
ДЕТСКА НЕДЕЛА
По повод одбележувањето на Детската недела која што трае од 07 -10. 10.2013 година најпрво сите ученици го дадоа својот учинок со донирање во касичката на Детската организација, а на 09.10.2013 беше организирана свечена приредба посветена на првачињата кои се збогатија со ново искуство и за првпат станаа членови на Детската организација на Р. Македонија.
Приредбата започна во осум часот со исполнување на Химната на Република Македонија од страна на училишниот хор составен од ученици од преметна настава. Беа организирани и изведени поголем број на ритмички точки и рецитали. Меѓу другото најзначајно и најинтересно за првачињата беше детското ветување кое што во еден глас го дадоа сите првачиња пред своите наставници, родители, соученици и по истото се упатија во своите училници каде што им беа поделени беџеви, маркички, детски пасоши и пакетчиња со подароци.
Полни со импресии задоволни и побогати зауште едно искуство нашите првачиња го завршија овој голем ден за нив, но и за нас збогатени за уште една нова генерација инспирирани од мотото: СИТЕ СМЕ ЕДНО, РАСТЕМЕ ЗАЕДНО.

Aктивности во ОУ„Крсте Мисирков“ Скопје како дел од проектот „Македонија без отпад 2013“
Во периодот од 30.09.2013 до 04.10.2013 година учениците од ОУ„Крсте Мисирков“ , Скопје земаа активно учество во акцијата за чистење на околината како дел од проектот „Македонија без отпад 2013“ кој се имплементира од страна на Министерството за животна средина и Асоцијацијата на граѓански организации Ајде Македонија.
Во училиштето беа организирани голем број активности во насока на промовирање на проектот и збогатување на знаењата на учениците за одржување на почиста околина.
За развивање на свест и едукација кај учениците беа организирани едукативни содржини на тема "отпад" од страна на наставниците по разни наставни предмети. |
Учениците од одделенска настава зедоа активно во спроведување на активности во рамките на овој проект. Имено, учениците од прво одделение имаа предавања на тема Отпад, тие од второ одделение изработуваа и презентираа ликовни творби и еколошки пораки на тема Отпад. Учениците од трето одделение работеа врз уредување на еко катче, а оние од четврто одделение изготвуваа кутии за собирање на хартија за рециклирање кои ги поставија во соработка со еко патролата и јуниор еко патролата во училниците за долготрајно собирање на хартија во текот на училишната година. Учениците од петто одделение работеа со Зелениот Пакет Јуниор и подготвија драматизација од истиот, истата учениците од V-2 ја презентираа во сите одделенија од прво до петто.
Учениците од училиштето зедоа активно учество во акцијата за расчистување на училишниот двор. Откако истиот беше селектиран учениците од еколошката секција извршија компостирање на биоразградливиот отпад од училишниот двор (лисја, стари гранки и сл.).
Учениците од еколошката секција по претходни напатствија од наставниците по биологија и информатика истражуваа на тема почиста околина и изработија презентации на тема Отпад и управување со отпадот. Стекнатите сознанија ги презентираа пред останатите ученици во училиштето и на овие презентации беа поттикнати дискусии за почиста околина.
Учениците од ликовната секција земаа учество во активностите за почиста Македонија изготвувајќи творби на тема „Македонија без отпад“. |
|
___2013.docx | |
File Size: | 2038 kb |
File Type: | docx |
27 СЕПТЕМВРИ ДЕН НА ЈАБОЛКОТО
На 27 септември 2013 година во нашето училиште се спроведоа активности за одбележување на ДЕНОТ НА ЈАБОЛКОТО со цел да се зголеми свеста кај учениците за вредноста на јаболкото во здравата исхрана. Учениците вредно работеа под менторство на своите наставници и своите изработки ги изложија на штандот во холот на училиштето.
Одбележување на 26 Септември
“ ЕВРОПСКИ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ “
“ ЕВРОПСКИ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ “
На 26 септември 2013 година во ОУ” Крсте Мисирков” - Скопје се одржа манифестација по повод Европскиот ден на Јазиците. Манифестацијата се одржа во училишниот хол каде беа поставени паноа на англиски, македонски и француски јазик на кои гостите имаа можност да ја погледнат богатата културна традиција на јазиците од наведените земји. Училиштето беше претставено и преку презентација која се прикажуваше на македонски и на англиски јазик. Имаше подготвено и богата трпеза со национална традиционална кујна од Англија, Франција и Македонија.На манифестацијата присуствуваа директорот на Францускиот Институт Г-дин Лавуар, Г-ѓа Сузана Пешиќ, главната преставничка на Француското Аташе при француската амбасада Г-ѓа Леуру, наставници, родители, претставници од советот на родители и ученици.
Манифестацијата започна во 12 часот со официјален пречек на гостите, Г-дин Ив Лавуар, Г-ѓа Анжелик Леуру и Г-ѓа Сузана Пешиќ претставници од Француското аташе. При нивното влегување учениците ги поздравија на 10 различни Европски јазици: македонски, француски, англиски, албански, турски, шведски, бугарски, шпански, италијански, германски и австриски. Потоа следуваше презентација од еден ученик за важноста на Европскиот ден на јазиците и зошто се прославува тој ден, со поделба на флаер. На секое пано имаше поставено по тројца ученици кои презентираа за богатата традиција на македонскиот, англискиот и францускиот јазик.
Традицијата беше презентирана и на поинаков начин, преку подготвени јадења од националната кујна на секоја од земјите:Ангија, Франција и Македонија.
Секој ученик презентираше за одредена храна. Од англиската кујна имаа можност да слушнат како се подготвува англиски чај, пита од тиква, пита од јаболка, чајни колачиња и слично. Од француската кујна да слушнаа за значењето на багетите, француското сирење, еклерите, божиќниот колач и кроасаните, додека од македонската кујна ги погледнаа традиционалниот ајвар, пита, качамак, пастрмајлија, мекици и други јадења карактеристични за македонската кујна.
Гостите уживаа и во изведбите кои ги подготвија учениците.На крајот, ја дегустираа приготвената храна и се послужија со специјалитетите од традиционалните кујни.
Отако заврши манифестацијата, гостите беа испратени од истите десет ученици на десет различни јазици за довидувaње.

Првачиња
На 02.09.2013 со кратка приредба ги прифативме новите првооделенци во нашето училиште
Активности по повод 21март
Еко активности во ОУ„Крсте Мисирков“ Скопје
Заштеда на енергија
Да погледнеме и да размислиме
Учениците од еко патролата изготвија налепница за заштеда на електрична енергија и ја залепија налепницата над секој прекинувач за да ги потсетат сите ученици и вработени во училиштето за важноста на заштедата на ел. енергија
Едукативни флаери
Со цел да се потикнат членовите на пошироката заедница за заштеда на ел. енергија учениците изработија и поделија едукативни флаери
Развивање на свеста за заштеда на ел. енергија кај учениците од 5 одд. преку едукативни предавања
Спроведување на анкетирање со цел утврдување на еколошката свест на испитаниците за заштеда на енергија
Учениците, членови на еко- одборот ги средуваат и аналзираат податоците од спроведеното анкетирање на испитаниците
|
|
Квиз натпревари по информатика
Во рамките на неделата на информатиката беа реализирани и квиз натпревари меѓу учениците од VI и VII одделение, што привлече голем интерес кај учениците и ги поттикна на истакнување на своите знаења, способности и вештини стекнати на часовите по информатика. Натпреварите освен што ги продлабочија знаењата на учениците, доведоа до многу дружење, збави и насмеани лица за време на реализацијата.
Работилница со родители по повод Неделата на информатиката
Во рамките на Неделата на информатиката беше реализирана и работилница со родители со цел инволвирање на родителите во безбедното користење на Интерентот од нивните деца.
Присутните родители земаа активно учество во дискусиите кои се оденсуваа на предностите кои ги нуди Интернетот, но и можните опасности кои постојат, како и начините за нивно надминување. Заедно со родителите беше разгледан и видео запис за конкретна злоупотреба на Интернетот кој побуди исто така голема дискусија. Крајниот заклучок беше дека родителите често разговараат со своите деца за начинот на користење на Интернет, што е тоа што може да се користи и како, а честопати и заедно со своите деца работат на разгледување на одредени сајтови со цел оспособување на децата за правилно користење на Интернетот и заштита од евентуалните опасности.

Работилници со ученици – ОУ „Крсте Мисирков“ Скопје
Членовите на информатичката секција заедно со наставникот по информатика – Маја Виденовиќ, реализираа неколку активности со ученици по повод Неделата на информатиката и Денот за безбедно на Интернет.
Со учениците од VI и VII одделение беа реализирани повеќе работилници за етичко користење на Интернетот, конкурс за избор на најдобар постер на тема: „Поврзи се со почит“, а беа разгледувани и содржините на сајтот Безбедно на Интернет – http://www.crisp.org.mk.

Учениците пополнуваа и анкета за безбедно користење на Интернетот, поставуваа свои правила и слободно може да се каже дека активностите кои се реализираа оваа недела допринесоа многу за подигање на свеста кај учениците а се направија и почетните чекори за понатамошно надградување на нивните сознанија кога станува збор за Безбедното користење на Интернетот.
Интересот на учениците за овие активности беше огромен, активно се вклучуваа во различни дискусии и сите заеднички изготвија Кодекс за однесување на Интернет. |
|
Почетни активности по повод Неделата на информатиката во ОУ„Крсте Мисирков“ Скопје
Членови на секцијата по информатика
Во периодот од 04-08.02.2013 година во ОУ„Крсте Мисирков“, Скопје се спроведуваа активности по повод Неделата на информатиката со цел промовирање на информатиката меѓу учениците во основните училишта и зголемување на интересот на учениците за изучување на информатиката. Оваа година Неделата на информатиката се реализираше на тема: Правата и обврските на интернет и под мотото: Поврзи се со почит. Во рамките на неделата беше одбележан и Меѓународниот ден на побезбеден интернет.
Активностите беа реализирани од страна на учениците кои го изучуваат предметот Проекти од информатиката и кои се членови на информатичката секција во училиштето.
Активностите беа реализирани од страна на учениците кои го изучуваат предметот Проекти од информатиката и кои се членови на информатичката секција во училиштето.
Конкурс за постер на тема „Поврзи се со почит“
Во рамките на Неделата на информатиката се објавува конкурс за постер изработен на компјутер на тема „Поврзи се со почит“
Ќе се избираат по 3 најдобри во две категории: 5 одделение и 6-8 одделение.
Постерите треба да бидат изработени на компјутер во програма по избор на ученикот и предадени во дигитална форма кај наставникот по информатика Маја Виденовиќ. За учениците од 5 одделение постерите може да ги предадат и кај нивните одделенски наставници.
Краен рок за предавање на постерите е 1 февруари 2013.
На 5 февруари во рамките на одбележувањето на Европскиот ден за побезбеден интернет ќе се организира изложба од сите пристигнати постери. Истите ќе бидат објавени и на веб сајтот на училиштето. Најдобрите ќе бидат објавени и на веб сајтот на Неделата на информатиката.
За повеќе информации околу темата за постерот можете да погледнете на сајтот:http://www.saferinternetday.org

Недела на информатиката во основните училишта
Во периодот од 4 – 8 февруари ќе се одбележи Неделата на информатиката во основните училишта. Во рамките на ова ќе реализираат работилници со учениците, родителите и квизови на знаење од областа на информатиката. На 5 февруари ќе се одбележи Европскиот ден на побезбеден интернет. На овој ќе се реализираат повеќе активности кои учениците ќе ги запознаат со нивните права и одговорности на интернет. Оваа година Денот за побезбеден интернет се организира со слоганот „Поврзи се со почит“. Погледнете го видеото за оваа година.
|
|
Интерактивна SMART табла
Министерството за образование и наука преку успешна соработка со Македонски Телеком АД-Скопје во процесот на унапредување на образовните процеси во земјата, даде силна подршка на проектот „Комјутер за секое дете како и подршка преку обезбедување на интернет конекција во училиштата во Република Македонија. Во таа насока Македонски телеком започна со постапка за набавка на интерактивни електронски табли. Министерството за образование и наука изготви посебни критериуми врз основа на кои училиштата аплицираа за добивање на интерактивна табла.Нашето училиште аплицираше и доби интерактивна табла која што ќе се користи за применување современите техники и методи, ќе се поттикне креативноста кај учениците и ќе се иницира процес во кој цел нема да биде користењето техника заради техника, туку развојот и учењето низ процесот на размена на информации помеѓу учениците и наставникот.
Двајца наставници, наставникот по информатика - Маја Виденовиќ и наставникот по ликовно образование - Никола Наневски присуствуваа на обука за користење на оваа интерактивна табла.
Двајца наставници, наставникот по информатика - Маја Виденовиќ и наставникот по ликовно образование - Никола Наневски присуствуваа на обука за користење на оваа интерактивна табла.
Свеченост по повод поставување на нови алуминиумски прозорци донација на УСАИД, Европската команда на Американската војска и општина Гази Баба.
Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на образованието во ОУ„Мисирков“ Скопје беа заменети старите прозорци во училниците со нови алуминиумски прозорци. Исто така Тимот за реновирање во училиштето посети обука за понатамошно одржување на училишниот објект. радоначалникот Тони Трајковски, потполковникот Борис Гершман од Европската команда на Американската војска и директорката на училиштето, Јагода Поповска, со сечење на лента го одбележаа завршувањето на реновирање на училиштето и се обратија пред присутните гости, изразувајќи задоволство од успешно завршената работа и можност за понатамошна соработка.
|
Учество на ликовен конкурс организиран од VIP
По повод неодамнешниот ликовен конкурс организиран од ВИП оператор дооел Скопје, нашето училиште „Крсте Мисирков“ зеде учество со изработка на ликовни творби инспирирани од темата на конкурскот, а тоа е „Што е интернет за мене?“. Од можни 100 награди (компјутер Асус 10“ лаптоп и годишна претплата за интернет) дури 9 (девет) ученици од нашето училиште ја добија главната награда!
Ученици кои ја добија Асус 10“ нетбук компјутер и годишна претплата за интернет од ВИП оператор се:
Ученици кои ја добија Асус 10“ нетбук компјутер и годишна претплата за интернет од ВИП оператор се:
- Марија Лазаревска 6-2 одделение
- Адмир Бејтовиќ 7-а одделение
- Ана Горгиева 7-а одделение
- Дамјан Станковски 7-а одделение
- Вера Трајковска 7-а одделение
- Вања Ѓориќ 7-г одделение
- Мила Љубенова 8-а одделение
- Јасна Николова 8-г одделение
- Милош Стевковиќ 8-г одделение
Учеството на учениците од ОУ „Крсте Мисирков“-Скопје на литературниот и ликовен конкурс на тема „Ликот и делото на св.Климент Охридски“ во организација на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје
По повод 8 декември – Денот на македонскиот просветител св. Климент Охридски беше распишан конкурс со тема „Ликот и делото на св.климент Охридски“ на кој учество земаа ученици од основните училишта од градот . Учениците твореа ликовни, поетски и прозни творби на зададената тема.
Во овие активности беа вклучени повеќе ученици од нашето училиште, но сепак најуспешни од успешните беа:
ања Милчевска од 7-4 одд.ОУ „Крсте Мисирков“-Скопје која ја доби Гран при-наградата за најуспешна поетска литературна творба.под менторство на наставничката Мирјана Малјановска.
Првото место припадна на ученичката Невена Ацевска, а второто место на Јана Момировска.
На ликовниот конкурс наградени беа: Елеонора Митревска -второ место, а третото место го понесоа Марко Милчевски и Марија Тодосова чиј ментор беше наставникот Никола Наневски.
На свечената церемонија беа прогласени победниците и им беа поделени дипломи и пригодни награди на овие малади креативци , со што секако ќе се зголеми нивната мотивација за понатамошно учество на натпревари од ваков вид.

Инфо ден на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност
На 22.11.2012 година претставници од нашето училиште зедоа учество на инфо денот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на кој беа презентирани содржини и начинот на аплицирање на програмите „Доживотно учење“ и „Млади во акција“
Повеќе за овие акции може да најдете на сајтот на Националната агенција.
Повеќе за овие акции може да најдете на сајтот на Националната агенција.
Учество во Comenius In-Service Training
Во рамките на програмата за доживотно учење на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, поточно како дел од акцијата Обука на работно место од потпрограмата Comenius, наставникот по информатика Маја Виденовиќ учествуваше на обука под наслов: Зајакнување на ИКТ вештините: користење на web 2.0 алатки во наставата. Обуката се одржа во периодот од 4.11.2012 до 11.11.2012 во Малта.
На оваа обука наставничкот заедно со наставници од повеќе европски држави имаше можност за размена на искуства и идеи за интеграција на ИКТ во наставата. Во исто време имаше можност за запознавање и примена на некои web 2.0 алатки кои можат ад го зголемат интересот и мотивацијата на учениците и со тоа да го подигнат квалитетот на воспитно образовната работа.
Повеќе информации за содржината на обуката може да најдете на следниот блог: http://www.maltaict.blogspot.com |
|
Посета на Музејот на македонската борба за државност и самостојност и учество во проектот „Музејот пријател на децата“
Во рамките на манифестацијата „Европски денови на културно наследство“ Музејот на македонската борба за државност и независност-Скопје овозможи бесплатен влез за учениците од основните училишта, кои се дел од историската секција во периодот од 25.09 до 01.10. 2012 година.
Во рамките на оваа манифестација, учениците –членови на историската секција (18) од нашето училиште, во придружба на наставниците по историја Благица Атанасова и Никола Попадиновски, беа во посета на музејот каде на еден визуелен и едукативен начин водени од кустосот можеа да се запознаат подобро со борбата на македонскиот народ за неговата независност и државност. Учениците беа видно заинтересирани и импресионирани од поставките и содржината на музејот. Зборовите со кои тие ги изразија импресиите беа „прекрасно“ ...„не сме виделе досега восочни фигури“...„сега ми е многу појасно“ и сл.
Исто така нашето училиште се вклучи и во проектот на музејот „Музејот пријател на децата“ со членови од историската и ликовната секција. Во овој проект, кој се одвиваше во просториите на музејот, (од 02.10. 2012 до 31. 10 . 2012 со закажан термин за сите училишта од Скопје кои се вклучија во проектот) учениците преку ликовна работилница го сликаа она што им оставило најголем впечаток од музејската поставка. Сите ученици тој ден добија благодарници за учество во проектот.

На крајот од проектот комисија од стручни соработници на музејот на свечена манифестација одржана во просториите на музејот на 14 . 11. 2012 година ги прогласи трите најуспешни цртежи (без рангирање) и неколку пофалени цртежи. На наше огромно задоволство цртежот на нашата ученичката Ана Георгиева од 7 одд. беше награден како еден од трите најуспешни цртежи во проектот. Цртежите на уште двајца наши ученици добија пофалници: Давид Стрезовски и Марија Дивљаковска а менторите Благица Атанасова и Никола Попадиновски благодарница за учество во проектот. |
|